+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Адвокат за развод на брак

Професионална подршка за нов почеток

Адвокат за развод на брак за брз и посакуван правен исход

Бракот, вклучувајќи го и неговиот развод во Македонија е регулиран со Законот за семејство. 

Согласно Законот е предвидено дека бракот може да се разведе со заемна согласност на брачните другари.

Доколку брачните другари имаат заеднички малолетни деца или полнолетни деца над кои им е продолжено родителското право, потребно е да поднесат спогодба за начинот на вршењето на родителските права и должности и за издржувањето и воспитанието на децата. Во вакви услови, судот ќе донесе одлука за развод на бракот по заемна согласност на брачните другари ако утврди дека тие таа согласност ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо.

Меѓутоа, во определени случаи волјата за ваква согласност не постои и кај двата брачни другари. Од тие причини, Законот предвидува дека бракот може да се разведе по барање на еден од брачните другари ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив. Дополнително, брачниот другар може да бара развод на бракот ако брачната заедница фактички престанала подолго од една година.

Адвокатската канцеларија Лаличиќ и Бошкоски од Скопје ќе Ве застапува во постапка за развод на брак и постапките кои произлегуваат од истата:

W

Определување на издршка

W

Доверување на деца по развод на брак

Интеврју за МИА - Адвокат Ведран Лаличиќ

Разводот како начин на семејно функционирање, а не патологија на семејниот систем.

Зошто нашата канцеларија е за Вас најпрактична, најбрза и наједноставна опција за развод на бракот?

 

  Стручен адвокатски тим кој има спроведено поголем број на постапки од ваков тип

Нашата адвокатска канцеларија има заведено и успешно завршено поголем број на постапки за развод на брак. Од оваа причина, сите непотребни одлагања или трошоци ќе бидат сведени на најниско ниво.

 

✓  Целосна подршка за двајцата брачни другари од една канцеларија

Имајќи предвид дека не се работи за ангажман само на еден адвокат поединец, особено во случаи кога има согласност и од двата брачни другари за развод на бракот, постапката ќе биде завршена без потреба да се ангажираат и други адвокати и да се направат трошоци кои не се неопходни.

 

✓  Комплетна и соодветна понуда од финансиски аспект

Имајќи ја предвид адвокатската тарифа, нашата канцеларија е во можност да даде понуда за развод на бракот преку застапување пред сите органи, а не единствено пред судот. Вака, од наша страна ќе биде овозможено да после потпишување на полномошно, Вие гледате на разводот како завршена работа, без потреба на Ваш дополнителен ангажман или присуство.

Статистички податоци за развод на брак во Република Северна Македонија (кликни тука)

Контактирајте не

contact@lblaw.com.mk

+ 389 2 609 0218

ул. Македонија бр. 11/1-5, 

Скопје

Посетете ја нашата канцеларија

ул. Македонија бр. 11/1-5, Скопје

Пратете ни mail

contact@lblaw.com.mk
(меѓутоа останете вклучени, пробуваме да вратиме за 15 минути)

Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.

Јавете ни се

+ 389 2 609 0218

Закажете состанок преку интернет врска

Кажете ни кое време Ви одговара, и можеме да организираме состанок преку видео врска

Пишете ни или јавете се на

+ 389 78 884 304

Обичен, Viber, WhatsApp, Skype