+ 389 2 320 8090 contact@lblaw.com.mk
Ангела Андонова

Ангела Андонова

Адвокат

Ангела е дел од Адвокатското друштво Лаличиќ и Партнери од 2018 година. Таа е вклучена во многу административни и судски предмети, помагајќи им на многу клиенти кои доаѓаат од Македонија или од странство.

Ангела Андонова стана дел од Адвокатското друштво Лаличиќ и Партнери во Скопје во 2018 година. Своето стручно образование го оствари при правниот факултет „Јустинијан Први “ во Скопје во 2014 година, каде заврши и магистерски студии од областа на граѓанското материјално и граѓанското процесно право. Магистрираше на тема: „Право на долгототраен закуп на градежно земјиште во Република Северна Македонија и компаративно право“, со што се стекнува со називот Магистер од областа на граѓанското право (Master of Laws LL.M). По неколку годишно професионално оспосбоување, во 2021 година го полага Правосудниот испит, додека официјално е запишана во Именикот на Адвокати при АКРСМ во 2022 година.

Активно посветена на своето работење, на клиентите им дава правна помош и поддршка во повеќе области на правото, а особено трудовото право, облигационо право, имотното и деловно право.

Има богато искуство во застапување на клиенти пред сите судски, управни, администратвини органи и институции во различни постапки од областа на граѓанското и управното право, а особено во постапки за стекнување на државјанство на РСМ, регулирање на престојот на странци, како и застапување на правните интереси на клиентите во постапки за основање и промени на тровски друштва пред Централниот регистар на РСМ.

Области на работа:

    • Вработување и престој на странски државјани;
    • Државјанство на РСМ;
    • Деловно правно (основање, статусни промени, ликвација);
    • Имотно-правни односи;
    • Брачни спорови;
    • Работни спорови;
    • Надомест на штета;
    • Застапување пред суд и државни органи и инситуции;

Јазици: Англиски јазик;

Контакт

Ангела ќе Ве контактира назад во рок од неколку часа

ул. Македонија бр. 26/1-5, Скопје
тел: + 389 2 609 0218
andonova@lblaw.com.mk

 

Канцеларија

 

ул. Македонија бр. 26/1-5
Скопје, Македонија

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Адвокатска канцеларија Лаличиќ и Бошкоски

ул. Македонија бр. 11/1-5