+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Гаранција како облигацоно правен однос

Гаранцијата претставува облигационо-правен однос во кој гарантот презема обврска спрема доверителот да ја исполни полноважната и стасаната обврска на главниот должник, доколку должникот тоа не го стори. Гаранцијата како облигацоно правен однос претсавува договорен однос што упатува на тоа дека треба да постои договор кој задолжително треба да биде склучен во писмена форма за да има правна сила.

Субјекти во договорот за гаранција како облигацоно правен однос. 

Во договорот за гаранција учествуваат три страни:

  • Главен должник – лицето кое првично ја презема обврската.
  • Гарант – лицето кое гарантира за исполнувањето на обврската.
  • Доверител – лицето во чија корист е дадена гаранцијата.

Способност за гарантирање Договор за гаранција може да склучи само лице со целосна деловна способност. Доколку гаранцијата е дадена за обврска на деловно неспособно лице, гарантот одговара исто како и во случај на деловно способен должник.

Предмет на гарантирањето Гаранцијата може да се даде за секоја полноважна обврска, без оглед на нејзината содржина. Може да се гарантира и за условни, идни обврски или за обврска на друг гарант (гарантов гарант). Ако гаранцијата е дадена за идна обврска без определен рок, таа може да се отповика.

Обем на одговорност на гарантот Гарантот не може да биде обврзан за поголем износ од оној на главниот должник. Тој одговара за целата обврска, вклучувајќи и трошоците што доверителот ги направил за наплата. Гарантот е одговорен за зголемување на обврската по вина на должникот, освен ако поинаку не е договорено.

Форми на гаранција

  • Супсидијарна гаранција – доверителот може да бара исполнување од гарантот само ако главниот должник не ја исполни обврската во дадениот рок.
  • Солидарна гаранција – доверителот може да бара исполнување истовремено и од должникот и од гарантот.
  • Гаранција за трговски договори – по правило, гарантот се смета за гарант-платец ако не е договорено поинаку.

Солидарност на гарантите Ако за истиот долг гарантираат повеќе гаранти, тие одговараат солидарно, освен ако не е договорено поинаку.

Посебни случаи на одговорност

  • Ако должникот го загуби правото на рок, доверителот не може да бара исполнување од гарантот пред истекот на тој рок.
  • Во случај на стечај на должникот, доверителот мора да го пријави своето побарување во стечајот и да го извести гарантот.
  • Гарантот не се ослободува од обврската дури и ако во стечајната постапка обврската на должникот е намалена.
  • Гарантот одговара за целиот износ, иако наследникот на должникот може да одговара само во рамки на наследениот имот.

Приговори на гарантот Гарантот може да ги истакне сите приговори што ги има главниот должник, освен личните приговори. Должниковото признавање на побарувањето нема дејство против гарантот.

Ослободување на гарантот Гарантот се ослободува од одговорност ако:

  • Доверителот не бара наплата од должникот во рок од еден месец по повикот на гарантот.

  • Доверителот не ја направи потребната изјава за определување на рокот за исполнување во рок од еден месец по истекот на една година од склучувањето на договорот.

  • Доверителот со своја вина го загуби залогот или друго средство за обезбедување.

Однос меѓу гарантот и должникот Гарантот кој исплатил од свое име има право да бара од должникот да му го надомести целиот износ, вклучувајќи и камати и трошоци. Ако гарантот исплатил без знаење на должникот, а должникот повторно ја исплатил обврската, гарантот нема право на надомест од должникот, туку може да бара враќање на износот од доверителот.

Гаранцијата е важен инструмент во облигационото право кој обезбедува заштита на доверителот во случај на неизвршување на обврските од страна на главниот должник. Со јасно дефинирани правила и обврски, гаранцијата овозможува сигурност во деловните односи и заштита на интересите на сите страни.

 

Мартин Бошкоски

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.