+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

АДВОКАТ ВЕДРАН ЛАЛИЧИЌ

Искуство и резултати кои ги очекувате.

Вашиот избор за адвокат доколку барате целосна посветеност и сеопфатна правна експертиза за Вашите правни проблеми и предизвици. Вашиот проблем станува негов проблем, а борбата за Вашата заштита ја смета за предизвик и професионална обврска. Покрај решавањето на правните проблеми и заштита на правата на своите клиенти, Адвокат Ведран Лаличиќ умешно ќе Ве води во остварувањето на Вашите цели и идеи.

Ведран Лаличиќ

 

Адвокат Ведран Лаличиќ смета дека секој заслужува квалитетен правен совет и подршка во остварувањето на своите идеи и интереси. Укажаната доверба ја смета за темелна вредност која мора да се валоризира со Ваше задоволство и успех. Неговиот енергичен дух претставува дополнителна предност при односот со клиентите. Неговиот пријателски, неформален, а во исто време сериозен и прецизен пристап кон работата, продуцира со огромна доверба која му ја укажуваат клиентите. Ведран Лаличиќ е ваш избор за адвокат, доколку барате целосна посветеност и комплетна правна услуга за Вашите правни потреби.

 

Области на работа:

 

  • Деловно право и постапки пред Централен регистар како регистрационен агент
  • Недвижности и градежништво
  • Имотно – правни односи
  • Договори
  • Вработување и престој на странски државјани
  • Наследување
  • Брачни спорови
  • Застапување пред суд и државни органи

Биографија

Ведран Лаличиќ

Ведран Лаличиќ е роден и живее во Скопје. Своето стручно образование го оствари при Правниот факултет во Скопје – Јустинијан Први, по што магистрираше на отсекот деловно право на темата „Современи позитивно правни тенденции во работењето на трговските друштва во Република Македонија“.

Неговото работно искуство опфаќа работа во адвокатурата, нотаријатот, приватниот и јавниот сектор. Во текот на своето работење е инволвиран во различни проекти и правни работи од областа на граѓанското и деловното право, каде се стекна со искуство во давање на правна и консултантска подршка на деловните субјекти и физичките лица, изготвување и анализа на правна документација, како и застапување на своите клиенти пред надлежните судови и органи.

Работејќи во нотаријатот, се стекна со стручна подготовка за советување околу имотно – правните прашања, како и сите специфичности околу составување на договори за пренос, поделба, располагање и ограничување на недвижностите, движните ствари и правата.  Работејќи во областа на приватниот и јавниот сектор, поседува искуство во однос на практичното функционирање на компаниите и јавните претпријатија.

Контактирајте го Адвокат Ведран Лаличиќ

15 + 8 =

ул. Македонија бр. 11/1-5, Скопје
тел: + 389 2 609 0218
моб: + 389 70 701 114
lalicic@lblaw.com.mk

 

Канцеларија

 

ул. Македонија бр. 11/1-5,
Скопје, Македонија

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Адвокатска канцеларија Лаличиќ и Бошкоски

11ти Октомври бр. 23/2-2, Скопје, Р. Македонија