+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Промена на Кодекс на корпоративно управување на Македонската Берза за хартии од вредност

Како резултат на заедничката работа на Македонската берза и на Комисијата за хартии од вредност, со поддршка од Европската банка за обнова и развој е донесен новиот Кодекс за коорпоративно управување на котираните друштва на Берзата.

Кодексот ќе ги обврзува друштвата кои котираат на Официјалниот пазар на Берзата кои истовремено ги исполнуваат условите од Правилата за котација, поточно друштвата кои ги исполнуваат условите од членот 42-а од Правилата за котација, условите коишто котираните друштва треба да ги исполнат се поврзани со нивната пазарна капитализација, процентот на распространетоство јавноста на акциите на друштвото, ликвидноста на акциите на друштвото на пазарот и бројот на акционерите што друштвото ги има.  Овие друштва треба да известуваат на годишно ниво дали ги применуваат најдобрите практики пропишани во Кодексот.

Како и кодексите во други европски земји, така и новиот Кодекс ќе се применува според принципот „примени или појасни зошто не си применил“. Ваквиот пристап подразбира дека примената на одредбите од Кодексот не е задолжителна за котираните друштва. Друштвата можат да не применат некоја одредба од Кодексот во случаи каде што постојат оправдани причини за тоа, на пример, доколку таквата одредба не одговара на големината или потребите на друштвото. Сепак, во таквите случаи, друштвата се должни да дадат објаснување зошто конкретната одредба не можела да биде применета.

Придобивките од примена на Кодексот се многубројни, особено поради тоа што со кодексот се утврдуваат такви стандарди за коорпоративно управување, кои се споредливи со стандардите за коорпоративно управување на пазарите на други европски држави кои имаат пазар на хартии од вредност кој е со слична големина и структура како македонскиот пазар за хартии од вредност.

Целта од примената на практиките и принципите од Кодексот за друштвата кои котираат на берзата е пред се, подобрување на работењето на друштвото на долг рок, постигнување на стратешките цели како и користење на  можностите за раст,  силните системи на контрола можат да му помогнат на друштвото да ги избегне потенцијалните ризици и да ја зголеми сигурноста на информациите што ги користат неговите органи на управување.

Повисоките стандарди на корпоративното управување се од корист не само за самите акционерски друштва, туку и за македонската економија во целина, со оглед на тоа што се создаваат работни места и се зголемува довербата кај домашните и странски инвеститори за инвестирање во македонскиот пазар на хартии од вредност.

 Христијан Наумовски, соработник во адвокатската канцеларија Лаличиќ и Бошкоски

 

Данок на добивка – судска пракса

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е исклучиво за информативни цели и претставува единствено видување на авторот. Содржината на истиот не може да биде прифатена како правен совет или препорака за постапување. За правен совет или препорака за постапување, обратете се кај адвокат.