+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Четири најважни работи кои треба да ги имате предвид пред да Ве назначат за управител

Можеби почнувате нов бизнис па ќе се назначите сами за управител или пак сопственикот на фирмата во која работите има доверба во Вас и сака да Ви го отстапи раководењето на фирмата.

Именувањето на едно лице за управител често претставува момент за напредок во кариера, меѓутоа задава и неколку обврски и одговорности кои треба да ги имате во предвид. Ниту една од подолу наведените работи не е сама по себе причина за да се откажете од овој чекор, секако доколку ја имате предвид кога се согласувате да бидете управител на една фирма.

  1. Годишната сметка е ваша одговорност

Секоја фирма има обврска да поднесе годишна сметка за работењето во претходната година, најдоцна до крај на Февруари за претходната година. Годишната сметка се припрема од Вашиот сметководител, меѓутоа е документ кој е потпишан и деклариран од Ваша страна.

Имајте го предвид овој рок затоа што пропустот да се поднеси годишна сметка задава доста бирократски тешкотии, непотребни трошоци и пенали.

  1. Ќе бидете и Вие санкциониран доколку фирмата направи прекршок

Најголемиот број на прекршочни казни во државата наведуваат дека Управителот ќе биде санкциониран во висина од 30% од висината на казната изречена за фирмата.

Единствен начин за да избегнете ова е да се погрижите дека фирмата ќе постапува согласно закон.

  1. Гарантирате за даночниот долг на фирмата

Законот за даночна постапка го идентификува управителот како лице кое чии одлуки влијаат врз активностите на фирмата односно лице кое го застапува даночниот обврзник кој е должник. Така, управителот ќе биде одоговорен за даночниот долг на фирмата во висина на своето овластување.

Покрај управителот, одговара и сопственикот, меѓутоа сметаме дека ова е битно да го имате во предвид.

  1. Можете секогаш да дадете оставка и да се ослободите од обврските

Тоа што сте прифатиле да бидете Управител не значи дека не можете да се ослободите од овие одговорности. Законот предвидува процедура која формално трае околу 30 дена, врз основа на која можете да се ослободите од обврските на Управител во секое време.

Мора да напоменеме дека горенаведените точки не смеат да претставуваат причина да Вие се откажете од вршење на оваа функција. Секој кариерен напредок значи и поголеми должности и одговорности кои доколку се имаат предвид, нема да претставуваат пречка

Адвокат Мартин Бошкоски
Адвокатска канцеларија
Лаличиќ и Бошкоски од Скопје

Горенаведеното не претставува правен совет или инструкција за постапување. Ве молиме контактирајте стручно лице – адвокат со цел подетално да ја образложите Вашата правна позиција и правни околности.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)