Како да основате бизнис без да ги направите најчестите грешки
Во Македонија, основањето на бизнис е прилично брз процес и доколку целосната документација е уредна, фирмата би можела да биде основана и за еден ден. Секој може да биде сопственик и да регистрира трговско друштво во Македонија, а и сите лица над 18 години можат да бидат регистрирани како управител. Основачкиот влог е стандардно 5.000 ЕУР и може да се исплати во рок од една година, а со последните измени на Законот за трговски друштва, друштво може да се основа и за 1 ЕУР основачки влог.
Меѓутоа, додека сите овие информации се многу познати, постојат неколку грешки кои сопствениците на новооснован бизнис ги имаат направено во фазата на основање. Со овој текст, ќе се потрудиме да наведеме некои од нив, со цел да ги имате во предвид при основање на вашиот бизнис.
Називот на Вашата фирма, треба да се разликува со називот на веќе основана фирма
Одбегнување назив кој е премногу сличен со веќе постоечка фирма затоа што Централен регистар ќе Ви бара да Вашата фирма се разликува од веќе постоечка (најмалку еден дополнителен збор од најмалку три букви).
Доколку имате ваква забелешка од Централен регистар, ќе треба да ја составувате и потпишувате целата документација повторно.
За назив на фирма со збор Македонија или име на град, како и зборови изведени од ова, потребно е согласност од Министерство за правда или од соодветна општина
Постапката за добивање на ваква согласност е едноставна и достса брза, меѓутоа имајте предвид дека нема да можете да ја регистрирате Вашата фирма без да ја добиете ваквата согласност.

Централен регистар не бара да имате закуп, послуга или сопственост на објект на седиштето на фирмата
Затоа, немате потреба да склучувате договор за закуп или да барате друга слична соулција кога регистрирате фирма на определена адреса. Исто така, не постои ниту ограничување да таа адреса е на деловен простор или друг вид на објект за домување. Од аспект на вршење на дејност, дејноста треба да се врши во деловен објект.
Уплатете основачки влог на правилен начин
Основачкиот влог мора да содржи точна и прецизна цел на дознака, која ќе назначува дека се работи за основачки влог + „назив на фирмата“ + „седиште“. Влогот мора да биде уплатен во точен износ како што наведува основачкиот документ. Внимавајте на курсни разлики кои мора да бидат соодветни на средниот курс на НБРСМ.
Регистрирајте вистински сопственик во рок од 8 дена
Затоа што ако не регистрирате, пеналите се огромни и целиот процес на работа на фирмата ќе биде блокиран. Ова е единставна регистрација која може да ја изврши регистрациониот агент кој Ви ја има регистрирано фирмата, се што треба да направите е да го овластите преку клик на маил кој ќе Ви стигне од страната на Централен регистар, после негово барање.
Осигурајте се дека имате соодветни документи за идентификување на вистински сопственик
Вистински сопственик е секое лице кое поседува над 25% од акциите / уделите на фирмата, директно или индиректно. За овие лица, законот пропишува дека мора да бидат уредно идентификувани со соодветен документ за идентификација и во зависност од структурата, соодветен документ од земјата каде што потекнуваат, односно потекнува основачот правно лице. Без ваква документација, нема да бидете во можност да отворите банкарска сметка.
ДДВ регистрацијата не е задолжителна, меѓутоа доколку тоа го сакате, направете го во период од 15 дена од денот на првата трансакција
Доколку овој рок го пропуштите, ќе можете доброволно да се регистрирате или во првите 15 дена од почеток на календарската година, или откако фирмата ќе има приход од износ од над 2.000.000,00 денари (во овој случај е обврска).
Ова се само некои од грешките кои основачите може да ги направат во фазата на основање и каде процесот на основање на нивната фирма може да забави. Меѓутоа, во никој случај овој текст не ги опфаќа сите проблеми кои можат да произлезат во овој процес при основање на фирма во Македонија.

Мартин Бошкоски
Контактирајте го авторот тука:
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.