+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Интелектуална сопственост

Адвокат за заштита на права од интелектуална сопственост

Лиценцирани адвокати за заштита на права од интелектуална сопственост

Во Северна Македонија, правата на интелектуална сопственост се регулирани во согласност со Законот за индустриска сопственост.

Во согласност со овој закон, определено е дека права на индустриска сопственост се патент, индустриски дизајн, трговска марка, назначување на потеклото и географски индикации.

Законот предвидува дека патентот се користи за заштита на пронајдокот. Индустрискиот дизајн се користи за заштита на нови форми на сликата, цртежот, контурата, составот на боите или нивната комбинација – дизајн. Трговската марка како заштитен знак се користи за заштита на трговски знаци кои визуелно можат да бидат прикажани. Ознаката на потеклото и географската ознака се користат за заштита на географското име.

Понатаму, во согласност со овој закон, субјекти со права од индустриска сопственост се домашни и странски правни и физички лица. Странските правни и физички лица уживаат исти права како националните правни и физички лица, во согласност со овој закон, во однос на заштитата на правата од индустриска сопственост во Република Северна Македонија, под услов тоа да е во согласност со меѓународни договори и конвенции или од примена на принципот на реципроцитет.

Работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост ги извршува Државниот завод за индустриска сопственост. Пред заводот може да се поднесе пријава за регистрација на некое од горенаведените права или пак доколку определено лице поднело пријава, може да се поднесе и приговор за употреба на знак кој е сличен или идентичен со претходно регистрирано право на интелектулна сопственост. 

Во согласност со применливите прописи од областа на интелектуалната сопственост, како и останатите прописи од овој вид, нашата канецларија е во можност да ги обезбеди следните правни услуги:

W

Регистрација на права на интелектуална сопственост (патент, трговска марка, индустриски дизајн и други)

W

 Застапување пред надлежниот Државен завод за индустиска сопственост

W

 Заштита на авторски права

W

 Заштита на горенаведените права пред надлежен суд во судска постапка

W

Останати видови услуги, правни советувања и консултации од областа на интелектуалната сопственост и авторските права

Државен завод за индустриска сопственост (кликни тука)

Контактирајте не

contact@lblaw.com.mk

+ 389 2 609 0218

ул. Македонија бр. 11/1-5, 

Скопје

Посетете ја нашата канцеларија

ул. Македонија бр. 11/1-5, Скопје

Пратете ни mail

contact@lblaw.com.mk
(меѓутоа останете вклучени, пробуваме да вратиме за 15 минути)

Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.

Јавете ни се

+ 389 2 609 0218

Закажете состанок преку интернет врска

Кажете ни кое време Ви одговара, и можеме да организираме состанок преку видео врска

Пишете ни или јавете се на

+ 389 78 884 304

Обичен, Viber, WhatsApp, Skype