Овластувањата и одговорностите на управителите: Дел 1
Управителот на едно друштво игра клучна улога во управувањето и водењето на деловните активности. Во овој текст, ќе ги разгледаме овластувањата и одговорностите на управителите согласно македонското законодавство, заедно со примери за секое право, обврска и ограничување.
Овластувања на управителот
Според Член 235 од Законот за трговските друштва, овластувањата на управителот се утврдуваат со договорот за друштвото. Ако со договорот не се утврдени, управителот може да ги презема сите правни работи и дејствија што се поврзани и вообичаени за водењето на работите и што се во интерес на друштвото.
Во пракса многу често се склучува и договор помеѓу друштвото претставувано преку основачот и управителот во однос на неговите обврски и овластувања. Меѓутоа, треба да се има предвид дека овој договор не може да ги регулира овластувањата кои произлегуваат од Законот или Договорот за основање туку ваков договор единствено може да регулира определени очекувани резултати и други обврски во правец на начинот на работење на управителот и и должното внимание на совесен трговец.
Во односите со трети лица, управителот е овластен да дејствува во сите околности од името на друштвото, со исклучок на овластувањата што, според законот и договорот, ги имаат содружниците. Ако друштвото има повеќе управители, сите управители имаат еднакви овластувања и права, освен ако договорот за друштвото не предвидува поинаку.
Застапување на трговското друштво
Според Член 236 од Законот за трговските друштва, управителот го застапува друштвото во односите со трети лица и се потпишува со назначување на својот статус.
Ако друштвото има повеќе управители, сите управители го застапуваат друштвото освен ако договорот за друштвото не предвидува поинаку.
Согалсно Законот, доколку постојат определени ограничувања Управителот е обврзан да ги почитува доколку истите се определени во договорот за друштвото, во одлуката на собирот на содружниците или во одлуката донесена преку допишување. Но сепак, овие ограничувања се без дејство кон трети лица туку единствено можат да ја утврдат одговорноста за штета на оној управител кој знаел за ваквите ограничувања, а сепак во името на друштвото превзел определена зделка без да има овластување за тоа.
Начин на работа на управителите
Според Член 237 од Законот за трговските друштва, ако се избрани повеќе управители, ниту еден управител не може самостојно да презема дејствија потребни за водење на работите на друштвото, освен ако постои опасност за штета на друштвото.
Ако договорот предвидува секој од управителите да презема дејствија, секој може да изрази противење за преземено дејствие, освен ако договорот поинаку не предвидува.
Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје на вработените се однесува на сите работни простори, освен на специфични индустрии како превозните средства, привремените или мобилните работни простори, индустриите за екстракција, рибарските бродови и земјоделските или шумарските дејности надвор од зградите на работодавачот.
Обезбедување на безбедност и здравје
Работодавачите се должни да обезбедат:
– Сообраќајните патеки и излезите за итни случаи секогаш да бидат расчистени.
– Техничко одржување на работниот простор, опремата и средствата за работа.
– Редовно чистење на работниот простор и одржување на заштитната опрема.
Информирање и учество на вработените
Работодавачот треба да ги информира вработените и/или нивните претставници за сите мерки преземени во однос на безбедноста и здравјето на работниот простор. Консултирањето и учеството на вработените е обврска согласно членовите 25, 26 и 27 од Законот за безбедност и здравје при работа.
Забрана на конкуренција
Член 238 од Законот за трговските друштва воведува забрана за превземање на дејствија кои можат да бидат конкуренција на друштвото во кое управителот е назначен, доколку истите се превземени без согласност на собирот на содружниците.
Односно, управителот не може да врши работи за своја или туѓа сметка што спаѓаат во предметот на работење на друштвото, да биде содружник со неограничена одговорност во друго друштво со ист предмет на работење, или да биде член на орган на управување во друго друштво со сличен предмет на работење. Така, управителот не би можел да отвори сопствен бизнис кој нуди слични услуги како друштвото, да биде избран како управител или да биде вработен во друго правно лице кое врши исти или слични дејности на трговското друштво кое го застапува.
Ако управителот постапи спротивно, друштвото може да бара надомест на штетата или на друштвото да му биде отстапена правната работа склучена за своја сметка.
***
Управителите играат клучна улога во управувањето на друштвото и имаат широк спектар на овластувања и одговорности. Разбирањето на овие овластувања и одговорности е од суштинско значење за успешно водење на деловните активности и за заштита на интересите на друштвото и неговите содружници. Во вториот дел, ќе продолжиме со разгледување на останатите одговорности и ограничувања на управителите.
Мартин Бошкоски
Контактирајте го авторот тука:
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.