+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Плата на работникот за време на вонредна состојба

I.                    Вовед

На 18.03.2020 година, Претседателот на Република Северна Македонија прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава заради заштита и справување со последиците од ширењето на вирусот КОВИД – 19. Оваа вонредна состојба беше прогласена со времетраење од 30 дена.

Прогласувањето на вонредна состојба најави значителни проблеми при толкувањето на определени законски одредби кои во пракса скорo и да не биле употребувани.

Особено, новонастанатата ситуација наложи потреба од толкување на одредбите за плаќање на работникот за време на прогласена вонредна состојба.

Од овие причини, во продолжение на овој текст истите ќе бидат анализирани подетално.

II.                  Плата на работникот

Плаќањето на работникот на работа е подетално уредено во главата VIII Плаќање на работа, во Законот за работните односи.

Во член 112 од Законот, утврден е и надоместокот на плата. Во однос на конкретната ситуација, значителен број на прашања се отворени во однос на ставовите 7 и 10 од споменатата одредба, односно:

а) плаќање на работникот во услови на постоење на виша сила;

б) плаќање на работникот во случај на прекин на работниот процес од деловни причини.

Во продолжение, вршиме анализа на споменатите одредби и одредбите кои се тесно повразани со истите, како што следи:

2.1. Плаќање на работникот во услови на постоење на виша сила

Согласно ставот 7 од членот 112 од Законот за работните односи, пропишано е дека:

Ако работникот не може да ја врши работата поради виша сила, има право на половина од платата, на која инаку би имал право, ако би работел.

Согласно горенаведената одреба, а од причина што е неспорна висината на платата во услови на виша сила, разликите се појавуваат единствено во однос на толкувањата за тоа кога постои виша сила и дали вишата сила треба да биде на страна на работникот и/или на работодавачот, за горенаведената одредба да биде применлива.

Во однос на ова, Законот за работните односи не дава посебна дефиниција во однос на поимот виша сила, ниту пак конкретно упатува на друг закон каде што ваквиот термин е прецизно определен.

Меѓутоа, иако ваквата поврзаност не е екслипцитно напомената како во определени одредби на законот за работни односи (пример одмерување на штета – член 10 јасно упатува на ЗОО), сметаме дека и во конкретниот случај применливи се одредбите од Законот за облигационите односи во однос на прашањето: Што всушност претставува виша сила?

Така, согласно член 126 став 1 од Законот за облигационите односи, определено е дека:

Кога исполнувањето на обврската на едната страна, во двостран договор, станало невозможно поради вонреден настан, кој се случил по склучувањето на договорот, а пред пристигнувањето на обврската, што во времето на склучувањето на договорот не можел да се предвиди ниту договорната страна можела да го спречи, избегне или отстрани и за кој не одговара ни едната ни другата страна (виша сила), обврската на другата страна се гасне, а ако оваа целосно или делумно ја исполнила својата обврска, може да бара тоа да и се врати според правилата за стекнување без основ.

Согласно на горенаведеното, Законот за облигационите односи прифаќа дека виша сила претставува:

Настан што не можел да се предвиди ниту спречи, избегне или отстрани и за кој не е одговорна ни едната ни друга страна. Ваквиот настан се смета за вондреден ако се случил по склучување на договорот, а пред пристигнување на обврската.

Меѓутоа, клучен дел од горенаведената одредба за конкретната ситуација е исполнувањето на обврската да станало невозможно.

Така, argumentum a contrario, доколку постои можност да обврската биде исполнета, тогаш настанот не претставува виша сила.

Во конкретниот случај, имајќи ги предвид забраните дадени од Владата на Република Северна Македонија, ги толкуваме / коментираме следните случаи и примери:

1.      Рестораните не се во можност да даваат услуги во нивните простории, меѓутоа истите се во можност да даваат определена услуга преку систем на достава. Условно, определени ресторани кои се во можност добро да функционираат на ваков систем, можат да направат и поголеми приходи. Согласно на тоа, нивната дејност иако е силно погодена од вонредната состојба и мерките на Владата, сметаме дека не може да се смета како оневозможување за вршење на дејност поради виша сила.

Врз основа на ова, а од причина што постои можност за вршење на дејноста и во вонредна состојба, сметаме дека не е прифатливо толкувањето дека постојат услови на виша сила и вработените треба да бидат исплатени во износ на половина од нивната плата.

2.      Од друга страна, кафичите кои никогаш не нуделе услуга со достава на кафе, не можат да ја вршат својата дејност заради мерките на Владата. Согласно на тоа, сметаме дека вршењето на нивната дејност е забрането а согласно на тоа постои и виша сила за вршењето на обврските – работникот не би можел да врши било какви работни задачи дури и да би се појавил на работното место. Така, сметаме дека во вакви услови работникот има право единствено на една половина од платата.

Истото се однесува и на обложувалниците, казината и теретаните во целост не се во можност да ја вршат нивната дејност. Односно, мерките на Владата за ваквите трговски друштва значат целосен престанок на дејноста на определено време со што работникот не е во можност да ја исполнува својата обврска кај работодавачот поради виша сила.

Дали вишата сила треба да го спречува работникот или работодавачот да ја врши работата?

Согласно законската одредба, определено е дека: Ако работникот не може да ја врши работата поради виша сила…

Имајќи ја предвид горенаведената одредба, се поставува прашањето дали во конкретниот случај, вонредниот настан кој претставува виша сила се однесува на работниот процес воопшто или единствено вондреден настан поврзан со работникот.

Согласно нашето разбирање на одредбата, сметаме дека акцентот треба да биде ставен на делот „не може да ја врши работата“. Причината за ваквата не можност може да биде како кај едната, така и кај другата страна. Всушност, доколку се прифати како применлива дефиницијата за виша сила од Законот за облигационите односи, нужно е да се прифати и дека вондредниот настан може да потекнува како од работникот, така и од работодавачот.

Имено, одредбата во ниту еден дел не посочува дека причината за неможноста за вршење на работата мора да е кај работникот. Всушност, во пракса поголемиот број на случаи за неможност да се врши работа се поврзани со причини кои се на страна на работодавачот (пример: доколку државата забрани вршење на определена дејност, едно друштво може целосно да се затвори или пак да отпочне вршење на друга дејност. За овој период, додека забранетата примарна дејност не се врши, иако друштвото не работи, работникот има право на половина од платата додека хипотетички не се отпочне со вршење на друга дејност).

2.2. Плаќање на работникот во случај на прекин на работниот процес од деловни причини

Согласно ставот 7 од членот 112 од Законот за работните односи, пропишано е дека:

Во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му издаде решение и да му плати 70% од платата за период до три месеца во тековната година.

Согласно горенаведената одредба, предвиден е случајот кога работодавачот има обврска да му исплаќа на работникот 70% од платата за период до три месеца во тековната година.

За настанување на ваква правна ситуација, неопходно е исполнување на два услови:

1)     Прекин на работниот процес;

2)     Прекинот на работниот процес да биде исклучиво поради деловни причини.

Согласно горенаведеното, би сакале да посочиме дека доколку не постои целосен прекин на деловниот процес, односно доколку постои единствено намалување на приходот, а работодавачот како трговско друштво да ги дава своите производи и услуги. Односно, во вакви услови, иако постои значително намалување на редовниите приходи на друштвото, не постои прекин на работниот процес.

Одредбата задава и втор услов, односно ваквиот прекин да се однесува единствено од деловни причини.

За разлика од вишата сила која претставува вондреден и непредвидлив настан, прекинот поради деловни причини не е поврзан со непредвидливост.

Најчесто, ваквиот прекин е поврзан со индивидуални причини кои се однесуваат единствено на работодавачот како вршител на определена дејност.

Односно, сметаме дека класичен пример за прекин на работниот процес поради деловни причини може да претставува забраната за вршење на определена дејност (заснована на определен вид на санкција) или пак губењето на определена лиценца.

Ваквите настани, поврзани исклучиво со трговски околности на работодавачот можат да се сметаат за деловни причини во кои применлива би била горенаведената одредба.

Меѓутоа, сметаме дека горенаведената одредба не се однесува единствено на слуачите кога работодавачот е спречен да ја врши дејноста (поради санкција, губење на лиценца и сл.). Односно, ваквата одредба, попозната во праксата е применлива и во случаите кога врз основа на одлука на работодавачот, донесена од надлежен орган согласно Законот за трговските друштва (управител, одбор и сл.), се определува привремен прекин на вршење на дејноста.

Согласно на ова, секое трговско друштво може да донесе одлука за привремен прекин на вршењето на дејноста. Врз основа на ваквата одлука донесена согласно одредбите и овластувањата од Законот за трговските друштва, работодавачот му издава на работникот посебно решение со кое определува дека заради вака донесената одлука, работникот се ослободува од вршењето на обврските и има право на 70% од платата за период кој не може да биде подолг од три месеци.

Горенаведената одредба во пракса е попозната како ситуација на испраќање на принуден одмор на работниците.

III.                Заклучоци

1. Вонредната состојба прогласена од страна на Претседателот на Републиката не овозможува примена на одредбата за исплата на работниците на износ од 50% од платата поради виша сила. За примена на ваквата одредба, неопходно е да мерките на Владата да го оневозможуваат работодавачот целосно да ја врши својата дејност.

2. Доколку трговското друштво донесе одлука за прекин на вршење на дејноста, таквата одлука претставува основ за примена на одредбата од член 112 став 7 од Законот за работните односи. Согласно на ова, врз основа на ваквата одлука се прекинува дејноста на работодавачот за определен период и врз основа на ваквата одлука, се носи посебно решение за секој работник.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Данок на добивка – судска пракса

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој текст е исклучиво за информативни цели и претставува единствено видување на авторот. Содржината на истиот не може да биде прифатена како правен совет или препорака за постапување. За правен совет или препорака за постапување, обратете се кај адвокат.