Заштита на лични податоци во
Македонија
Заштита на лични податоци – правило на новото време
Ние сме адвокатска канцеларија која ќе ја адаптира вашата компанија на новиот Закон за заштита на лични податоци во Северна Македонија
Заштита на личните податоци како тема направи сериозни предизвици за компаниите низ Европа, а сега и за компаниите во Република Северна Македонија.
Собранието на Република Северна Македонија на 16ти февруари 2020 година го усвои новиот Закон за заштита на личните податоци.
Овој закон е адаптација кон јурисдикцијата на познатата европска регулатива за GDPR.
Законот за заштита на лични податоци во Северна Македонија веќе покрена многу контроверзии, а еден од најголемите е секако кои документи треба да ги поседува еден контролор / фирма, во однос на заштита на личните податоци. На пример, често гледате компании кои сметаат дека е доволно да се има политика за приватност и формулар за согласност на нивната веб -страница.
Меѓутоа, ова е само мал дел од документите што се бара да бидат целосно усогласени со оваа нова регулатива за приватност.
За некои, Законот за заштита на личните податоци во Северна Македонија ја одразува зголемената организациска посветеност кон транспарентност, отчетност и заштита на приватноста. Други ќе треба да направат значителни промени во моделите за контрола и обработка на податоци. Ако потпаѓате под надлежност на Законот, времето за усогласеност беше 24 август 2020 година. Тоа не значи дека не треба да се усогласите и подоцна, затоа што надлежното тело за примена на законот би можело да побара и да ја испита Вашата усогласеност во било кое време.
Треба да се има предвид дека, законот регулира собирање, користење и откривање на лични податоци на физички лица (субјекти на податоци) од страна на фирми/компании (контролори на податоци и обработувачи на податоци). Субјектите на податоците можат да бидат вработени, клиенти и добавувачи на компании и членови на пошироката јавност. Меѓутоа, секој контролор и обработувач има обврска да изврши адаптација соодветна не нивниот процес на работа.
Секоја компанија задолжително се усогласува со законот, инаку самиот бизнис и/или неговите директори и/или неговите менаџери може да подлежат на граѓанска одговорност (надомест за материјална штета што ја претрпел субјектот на податоците од прекршокот извршен од контролорот или обработувачот, зголемен за казна до два пати од вистинската штета) и/или прекршочна одговорност (парична казна што не надминува 4% од годишниот приход на компанијата).
Адвокатите од Лаличиќ и Бошкоски можат да ги советуваат контролорите, обработувачите и субјектите на податоци, за следниве прашања:
Изготвување на документи во согласност со законот за заштита на личните податоци
Проверка на адаптираност на контролорот или обработувачот со Законот
Консултации за правни прашања во врска со обработка и заштита на личните податоци
Проверете ја веб страната на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија како надлежно тело во државата за заштита на личните податоци. Тука можете да прочитате повеќе информации во однос на законските и подзаконските акти за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.
Прашалник за регулирање на процесот за заштита на личните податоци
Превземете го нашиот прашалник преку кој ние ќе го идентификуваме процесот на заштита на личните податоци. Со одговарањето и испраќањето на овој прашалник на contact@lblaw.com.mk, ќе бидеме во можност да Ви дадеме соодветна понуда и да припремеме соодвеетна потребна документација за Вашата фирма
Контактирајте не
Посетете ја нашата канцеларија
ул. Македонија бр. 11/1-5, Скопје
Пратете ни mail
contact@lblaw.com.mk
(меѓутоа останете вклучени, пробуваме да вратиме за 15 минути)
Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.
Јавете ни се
+ 389 2 609 0218
Закажете состанок преку интернет врска
Кажете ни кое време Ви одговара, и можеме да организираме состанок преку видео врска
Пишете ни или јавете се на
+ 389 78 884 304
Обичен, Viber, WhatsApp, Skype