+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

ЗНАЧАЈНИ СОВЕТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛЕН СПОР ВО ДЕЛОВНИТЕ ОДНОСИ

Во секој деловен однос постои потенцијална можност за настанување на спор помеѓу страните.

Спорот може да биде со клиент, добавувач, деловен партнер и слично. Многу спорни прашања можат да се разрешат со обичен разговор, меѓутоа мали недоразбирања можат да прераснат во сериозни спорови.

Честопати најскапиот дел од решавањето на спорот е времето поминато во справување со него.

Начинот на кој се справувате со спорот зависи од видот, обемот и сериозноста на самиот спор, но сепак постојат одредени клучни чекори што можете да ги следите за да се справите со спорот и притоа да ги задржите добрите деловни односи со другата страна.

  1. УТВРДЕТЕ ГИ ФАКТИТЕ И ОБЕЗБЕДЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДОКАЗИ

Добро размислете како точно настанал спорот и притоа утврдете ги клучните факти кои довеле до неговото настанување. Документирајте ги клучните детали за спорот. Ова може да вклучува датуми, настани, детали за производот или услугата, фотографии, договори, претходна кореспонденција меѓу страните и слично.

Ако имате склучено писмен договор, прочитајте го внимателно за јасно да ги разберете правата и одговорностите на секоја страна. Договорот може да содржи клаузула која се однесува на одреден процес за решавање спор што треба да се следи. Вербалните договори со придружната документација, како што се е-маил пораки, понуди со детали за материјалите и временските рамки, исто така може да послужат како докази дека е скучен договор. 

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

  1. РАЗГОВАРАЈТЕ СО СПРОТИВНАТА СТРАНА

Многу спорови настануваат поради обични недоразбирања. Разговорот со другата страна може да го разјасни проблемот и да доведе до зедничко прифатливо решение.

Кога разговарате со спротивната страна секогаш останете смирени, учтиви и професионални во говорните и/или писмените комуникации. Избегнувајте навредлив или емотивен јазик или обвинување. Воедно, обидете се да ја разберете ситуацијата од перспектива на другата страна. Во разговорот бидете реални и подготвени да преговарате.

Имајте во предвид како постигнувањето (или непостигнувањето) на одредено решение ќе влијае на Вашиот бизнис, особено во однос на времето, парите и Вашите деловни односи во иднина.

Разрешувањето на проблемот на овој начин е нејефективен и најбрз, а воедно и економски најисплатлив за двете страни. 

  1. ФОРМАЛНО ОБРАТЕТЕ СЕ ДО ДРУГАТА СТРАНА

Ако разговорот со другата страна не функционира, следниот чекор е да се обратете до другата страна со учтиво и професионално писмо. Писмото служи за две цели: И дава можност на другата страна да го реши спорот пред да се преземат понатамошни дејствија и обезбедува доказ дека сте се обиделе да го решите спорот на мирен начин.

При испраќање на писмото, препорачливо е да приложат копии од која било релевантна документација, како што се копија од Вашиот договор, е-маил коресподенција, понуди, фактури, како би можела другата страна подобро да се запознае со настанатата ситуација. 

  1. ПОБАРАЈТЕ ПРАВНА ПОМОШ ОД АДВОКАТ

 Ако сè уште не можете да го решите спорот на мирен начин, тогаш ќе треба да ја остварите заштитата на Вашите права пред надлежен суд за што ќе Ви биде потребна стручна правна помош од адвокат.

 Меѓутоа, препорачливо е да побарате соодветна правна помош уште во процесот на преговарање, како би биле сигурни дека во преговорите со другата страна Вашите права нема да бидат изиграни или повредени.  

Бидете внимателни при прибегнување кон судски спорови. Судските спорови можат да бидат скап и долг процес. Иако секогаш постои можност за разрешување на Вашиот спор по судски пат, оваа можност треба да се гледа како последна опција. Затоа, секогаш размислете за користење на алтернативен метод за решавање на спорот како што се преговарање и медијација. 

Ангела Андонова

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5