Не е исплатен регрес за годишен одмор?
Што ќе очекува од Вас да докажете инспекторатот при евентуална контрола
(ДЕЛ 3)
Со Општиот колективен договор е предвиден исклучок од обврската за исплата на регрес за годишен одмор во определени ситуации.
Односно, предвидено е дека во однос на оние работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.
Согласно на ова, произлегува дека постојат услови и правни претпоставки кои треба да се исполнат за работодавачот да не исплати регрес за годишен одмор. Надлежен да ги преиспистува на овие претпоставки е Државниот трудов инспекторат кој е должен да постапува по однос на дадена пријава од најчесто незадоволен работник кој очекувал овој износ да му биде исплатен.
Така, неизбежно е Државниот инспекторат за труд да постапи и да истражи како во секој поединечен случај се назначува претставникот и да процени дали фактите врз основа на кои била направена проценката го задоволуваат критериумот за финансиски потешкотии во работењето.
Согласно на ова, сметаме дека Државниот трудов инспекторат се фокусира, односно е ограничен да се фокусира на следните правни аспекти и претпоставки:
- Дали постојат потешкотии при работењето
Во однос на ова, Државниот инспекторат за труд нема ниту правна надлежност ниту пак правна експертиза да ги утврди финансиските околности на работењето на едно трговско друштво. Од оваа причина, доволно е да истото го констатира без да навлегува во финансиските аспекти и изгледи за работењето на друштвото.
2. Дали е направена консултација со синдикат / направен обид за консултација
Од страна на работодавачот задолжително мора да се направи претходна консултација со синдикатот. Односно, доколку таква консултација не е направена, работодавачот е должен да направи обид за консултација и за тоа да презентира соодветен доказ.
3. Дали е потпишана правно валидна спогодба со работниците
Со овој чекор Државниот инспекторат за труд треба да утврди дали работниците имаат легитимно избран претставник и тоа соодветно е изразена нивната волја за да прифатат помал износ на регрес за годишен одмор.
Секако, овој чекор внимателно треба да се документира што само по себе значи соодветно вклучување на работниците во процесот и индиректно давање и на нивна согласност за исплата на износ помал од пропишаниот.
Мартин Бошкоски
Контактирајте го авторот тука:
Контактирајте не за консултација и припрема на соодветни документи за исплата на намален износ на регрес за годишен одмор
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.
Канцеларија
Ул. Македонија бр. 11/1-5,
Скопје – Центар
Контакт
contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218
Lalicic & Boskoski Law Firm
str. Makedonija no. 11/1-5