+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

4ри БИТНИ РАБОТИ ЗА ТРГОВСКИТЕ МАРКИ

кои треба да ги знаете при почнување на бизнис

  1. РЕГИСТРИРАЈТЕ ТРГОВСКА МАРКА УШТЕ ПРИ ЗАПОЧНУВАЊЕТО СО ВАШИОТ БИЗНИС

Одредени сопственици на мали бизниси сметаат дека нема потреба да ја регистрираат својата трговска марка, особено во почетокот на работењето на нивниот бизнис. Други сакаат да ја регистрираат својата трговска марка откако ќе започнат да остваруваат поголем профит.

Меѓутоа, процесот на регистрација на трговска марка треба да започне што е можно порано, од причина што во меѓувреме друг бизнис може да се стекне со законско право да ја користи трговската марка. Од овие причини, сопственици на мали бизниси се доведени во ситуација да инвестираат повеќе време и пари во ребрендирање на нивниот бизнис, производи и услуги и/или да ризикуваат инволвирање во посериозни постапки. Ова сценарио може да се избегне со започнување на процесот на регистрација на трговска марка уште при започнувањето на нов бизнис.

  1. ИЗБЕРЕТЕ СИЛЕН ЗНАК

Како претприемач и сопственик на бизнис, можеби сте се одлучиле за Вашата трговска марка долго пред да го започнете Вашиот бизнис, но дали оваа ознака ќе обезбеди најдобра заштита?

Трговската марка не треба да содржи генерички и описни имиња, кои не се дистинктивни во прометот.

Размислете за посилни ознаки, кои не го опишуваат Вашиот производ или услуга (како на пример: Apple), или инвентивни термини (како на пример: Nike, Pepsi..). Овие уникатни ознаки обезбедуваат поголема можност за заштита од повреди.

 

 3. ИЗВРШЕТЕ ДЕТАЛНО ПРЕБАРУВАЊЕ НА РЕГИСТРИРАНИ ТРГОВСКИ МАРКИ

Овој важен чекор од процесот треба да се направи пред да се поднесе апликацијата за регистрација на трговска марка. Треба да се изврши сеопфатно пребарување со цел да се утврди дали ознаката што се надевата да ја регистрирате е веќе во употреба.

Доколку не сте во можност самостојно да го извршите прабарувањето, можете да ангажирате адвокат или друг овластен застапник кој ќе Ве предупреди за сите постоечки ознаки кои би можеле да бидат премногу слични на Вашите, со цел да за избегнат потенцијални спорни ситуации во иднина.

4. АКТИВНО КОРИСТЕТЕ ЈА РЕГИСТРИРАНАТА ТРГОВСКА МАРКА

Важно е да се напомене дека Државниот завод за индустриска сопственост одобрува регистрации на трговски марки, но истиот не ја спроведува нивната употреба во прометот. Оваа одговорност паѓа на сопственикот на трговската марка. Откако Вашата трговска марка е регистрирана, мора активно да ја следите нејзината употреба. Воедно, доколку не ја користете Вашата трговската марка, се соочувате со ризик со престанок на Вашето право поради некористење на трговската марка.

***

За сопственици на мали бизниси, листата на задачи кои треба да ги направите при започување на нов бизнис може да изгледа бесконечна, но не дозволувајте регистрацијата на трговската марка да остане заборавена. Започнете со процесот за регистрирање на Вашата трговска марка што е можно порано. Работете со искусен овластен затапник за да изберете силна ознака и да спроведете пребарување на трговска марка. Потоа, поднесете ја апликацијата за регистратрација на трговска марка да ги спречите другите да регистрираат слична ознака. Откако Вашата ознака е регистрирана, следете ја нејзината употреба и обновете ја на време за да ја одржите правната заштита.

Ангела Андонова

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 11/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5