Додатоци на плата кои му следуваат на работникот во приватен сектор
Согласно Законот за работните односи, се смета дека платата е составена од основната плата, дел од платата за работната успешност и додатоци на плата коу му следуваат на работникот.
Законот упатува дека додатоците се определуваат за посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, согласно закон, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон, работа во недела и додаток за работен стаж.
За сите вработени во приватен сектор, применлив е општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството каде посебно е напоменато кои додатоци му следуваат на работниците кои работат во приватен сектор.
Најчесто исплаќани додатоци на плата
Согласно Законот и колективниот договор, ссновната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
- прекувремена работа ………………………………. .35%
- работа ноќе………………………………………………. 35%
- работа во три смени …………………………………… 5%
- работа во ден на неделен одмор………………… 50%
За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.
Додатоците, меѓусебно не се исклучуваат, односно се исплаќаат сите додатоци кои следуваат по различен основ.
Правото на зголемен надоместок по основ на работа во три смени работникот го остварува само за ефективно проведено работно време во смени.
Додаток за работен стаж
Основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж. Ова право не може да се исклучи договорно затоа што Законот за работните односи упатува дека договорот за вработување задолжително го наведува износот на основна плата. Така, доколку постои определен износ на плата во самиот договор, се претпоставува, а иако е наведено, дека не е вклучен износот за зголемување за секоја година работен стаж.
Исто така, треба да се напомене дека работниот стаж не е единствено работниот стаж за конкретната работна позиција. Односно, доколку работник се стекнал со работен стаж во целосно друга работна позиција и работно искуство, ваквиот стаж како додаток ќе биде повторно вклучен иако работи целосно различна работна позиција.
Додатоци за плата за работа во потешки услови од нормалните
Согласно овој закон, основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место, а особено:
- Работни задачи во чие извршување работникот е изложен на неповолните влијанија на околината (чад, саѓе, топол пепел, прашина, влага, високи, односно ниски температури, бучава, блескава вештачка светлина, работа во темни простории или во простории со несоодветно обоено светло);
- При работни задачи во кои согласно прописите работникот употребува заштитни средства како што се: заштитни чевли, гас маски, маски против прав, уреди за доведување свеж воздух или други заштитни средства;
- Работи при кои работникот е изложен на посебни опасности (пожар, вода, експлозија).
Меѓутоа, самиот колективен договор не прецизира точни износи во зависност од ваквите отежнати услови туку упатува дека со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач, се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места и износот на зголемувањето по тој основ не зависи од висината на платата на работникот, туку се утврдува во единствен износ за сите работници што работат во тие потешки услови на работа.
Со колективен договор на ниво на работодавач, со методологија, се вреднуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места.
Прочитајте повеќе за плата, надоместоци и додатоци на плата на следниот линк.
Мартин Бошкоски
Контактирајте го авторот тука:
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.
Канцеларија
Ул. Македонија бр. 26/1-5,
Скопје – Центар
Контакт
contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218
Lalicic & Boskoski Law Firm
str. Makedonija no. 11/1-5