+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Финансирање со заем од странска компанија

Вашите обврски согласно регулаторната рамка на Народната банкa

Во динамичниот свет на глобалните финансии, прекуграничните трансакции во форма на заем стануваат еден од главните инструменти за поттикнување раст, иновации и развој на домашните компании, особено во првата фаза од започнување со бизнис во државата. Со оглед на фактот дека домашните компании се повеќе се финансираат од средства на странски партнери (често и поврзани субјекти), од клучно значење за нив е да се придржуваат до регулаторната рамка воспоставена од страна на Народната Банка, која има за цел да воспостави транспарентност, финансиска стабилност и законска усогласеност.

Иако станува збор за наметната обврска која во крајна инстанца се користи за статистички цели, домашните компании кои обезбедиле финансирање од странство по пат на заем, имаат обврска соодветно да ја известат Народната Банка за оваа трансакција. Оваа обврска е пропишана со Законот за девизно работење (член 42 – Известување за кредитни трансакции) и последователно со Упатството за начинот и условите за поединечно известување  за кредитите земени од нерезиденти.

Споменатите прописи предвидуваат задолжителна обврска за поднесување на извештај за сите кредитни трансакции склучени со нерезиденти и тоа во рок од 10 (десет) дена од денот на склучувањето на договорот, односно 5 (пет) работни дена од целосно или делумно враќање на заемот или  настанување на измената на договорот за заем.

Притоа, треба да се има предвид дека овие известувања се доставуваат на посебни формулари („НД обрасци“) и тоа:

  • НД 1 образец – Пријава за земен кредит од нерезидент, кој се доставува при известување за нова кредитна работа.
  • НД 2 – Реализација на користење, кој се доставува при известување за користење средства од земениот заем, врз основа на претходно евидентирана кредитна работа.
  • НД 3 – Реализација на отплата, којсе доставува при известување за отплата на главнина или камата врз основа на претходно евидентирана кредитна работа.
  • НД 4 – План на отплата на главнината, кој се доставува доколку со договорот за заем, предвидениот план на отплата нема редовна периодичност, односно се пријавени нередовни отплати на главнината коишто не може да се пресметаат согласно со основните услови на заемот.
  • НД 5 – Спецификација на кредиторите/корисниците, кој се користи доколку согласно со договорот за заем, се јавуваат повеќе кредитори или корисници на кредитот.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Овие формулари се прилог на горенаведеното упатство, а истите се достапни и на следниот линк: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-upatstvo-za-nacinot-i-uslovite-za-poedinecno-izvestuvane-za-kreditite-zemeni-od-nerezidenti-nd.nspx.

Неисполнувањето или ненавременото исполнување на оваа законска обврска не само што е во спротивност со регулаторната рамка, туку и ја изложува компанијата на потенцијални глоби, кои зависно од големината на домашната компанија како субјект, може да варираат од 200 до  3.000 евра во денарска противвредност, односно од 50 до 300 евра во денарска противвредност глоба за одговорното лице на компанијата.

Ведран Лаличиќ

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Контактирајте не за консултација во однос на деловно право

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5