+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

КАКО ПРАВИЛНО ДА ИСПЛАТИТЕ ДИВИДЕНДА?

Дивидендите, во крајна мера иако претставуваат финансиска награда за инвеститорите, тие исто така се и доказ за правилното вложување во компанијата и генерално, успехот на компанијата.

Начинот на исплата на дивиденда е прецизно регулиран со Законот за трговски друштва. Согласно нашиот Закон за трговски друштва, дивиденда претставува дел од добивката на друштвото којашто се распределува на содружниците, односно на акционерите на друштвото во согласност со правата определени во уделите, односно во секој род и класа на акции.

Што е дивиденда: Дивидендата, како правен поим е прецизно регулиран со Законот за трговски друштва, според кој  дивиденда претставува дел од добивката на друштвото којашто се распределува на содружниците, односно на акционерите на друштвото во согласност со правата определени во уделите, односно во секој род и класа на акции.

Добивка како преудслов за исплата дивиденда: За да се исплати дивиденда, мора да постои позитивен финансиски резултат за компанијата, односно да има остварено добивка во претходната календарска и деловна година. Добивката на компанијата претставува позитивната разлика помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи во текот на претходната календарска година, а истата е определена во годишната сметка и финансиските извештаи, составени од страна на сметководител, односно овластен сметководител.

Постапка за исплата на дивиденди: Иако навидум се чини за потребно само да се пресмета профитот и да се спроведат банкарските трансакции, во правната сфера предвидена е специфична правна процедура, која започнува со утвдување на годишните финансиски перформанси на компанијата, документирани преку годишната сметка и финансиските извештаи подготвени од овластено лице врз основа на меѓународните стандарди за финансиско известување.

Поднесување на годишна сметка: Како што е добро познато, секоја компанија по истекот на деловната (претходната календарска) година, составува годишна сметка, а големите и средни трговци составуваат и финансиски извештаи. Вака составената годишна сметка се поднесува до Централниот регистар најдоцна до последниот ден од месец Февруари (во хартиена форма), односно до 15 Март (во електронска форма).

Со оглед на фактот дека годишната сметка се потпишува од страна на овластеното лице на компанијата (орган на управување или управител), истото треба претходно да биде усвоено од страна на овој орган, како и од страна на содружниците, односно собранието на акционери.

Донесување на одлуки за распределба на добивката: Доколку во годишната сметка и финансиските извештаи е определено дека компанијата остварила добивка во претходната деловна година, содружниците или акционерите одлучуваат за распоредување на добивката, со донесување на посебна одлука, каде се наведува нејзината намена, како што може да биде: исплата на дивиденда, идни дополнителни инвестиции, покривање на загуби, резерви на компнијата или дополнителни трошоци.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Улогата на содружниците или акционерите: По одобрувањето на годишната сметка и на финансиските извештаи и утврдувањето на постоењето добивка за распределба, собирот на содружниците, односно собранието го определуваат делот којшто им се доделува на содружниците, односно на акционерите во форма на дивиденда.

Ограничувања: Износот на дивидендата не може да ја надмине годишната добивка, зголемена за пренесената нераспределена добивка од претходните години.

Рокови и начини на плаќање: Дивидендата се исплаќа најдоцна во рок од девет месеци по завршувањето на деловната година. Иако дивидендата најчесто се исплаќа во пари, сепак доколку истото е предвидено во договорот за основање на друштвото или статутот, дивидендата може да се исплати во удел или во акции.

Одлука за исплата на дивиденда: Формалната одлука за распределба на дивиденда мора да го содржи износот на дивидендата, датумот на евиденција според којшто се определува листата на содружници или акционери кои имаат право да добијат дивиденда и план за исплата.

Сумарно и хронолошки: Исплатата на  дивиденда е структуриран процес во кој задолжително се спроведуваат следните правни дејствија:

  • Подготовка на завршна сметка од страна на овластено лице – сметководител
  • Одлука за усвојување на годишна сметка, донесена од страна на органот на управување, одобрена/усвоена од страна на собирот на содружници или собранието
  • Поднесување на годишната сметка во Централен регистар
  • Одлука за распоредување на добивката, донесена од страна на собирот на содружници или собранието
  • Одлука за исплата на дивиденда на содружниците / акционерите
  • Исплата на дивидендата.

Овој сеопфатен пристап гарантира дека дистрибуцијата на дивиденда не е само одраз на финансиската состојба на компанијата, туку и процес заснован на правна и процедурална рамка.

Ведран Лаличиќ

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Контактирајте не за консултација во однос на деловно право

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5