+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Дали работникот има право на надоместок на плата поради повредата на патот до работата?

Македонското законодавство определува дека работникот има право на надоместок на плата во случај на отсуство од работа поради заболување или повреда, доколку отсуството од работа е предизвикано поради повреда на работа, односно при вршење на работи и работни задачи.

Одговорот на прашањето дали работникот има право на надоместок на плата поради повредата на патот до работата, може да се добие преку одговарање на следните споредни прашања:

  1. Што претставува работно место?
  2. Што претставува повреда на работа?
  3. Дали повредата на пат до работа е повреда на работно место?
  4. Кој е должен да го исплаќа надоместокот на плата при повреда на патот до работа?

Оваа материја е уредена со неколку законски прописи, па од овие причини конкретното прашање треба да се разгледа од аспект на одредбите на Законот за работни односи, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за безбедност и здравје при работа.

  • Што претставува работно место?

Во поглед на определување на поимот на работно место, примена наоѓаат одредбите на Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 92/2007). Така, воведните одредби на законот, работното место го дефинираат како: ,,секое место наменето за извршување на работа лоцирана во просторииите на работодавачот или во некоја привремена или подвижна работна локација до која вработениот има пристап во текот на неговата работа и која е под директна или индиректна контрола на работодавачот”

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Оттука, според погоре цитираната дефиниција на поимот работно место, законодавецот со одредбите на Законот за безбедност и здравје при работа нема предвидено дека како работно место се смета и вообичаениот пат на работникот од дома до работа и од работа до дома, па следствено на тоа според одредбите на овој закон, патот до работа на работникот не се смета како работно место.

  • Што претставува повреда на работа?

Одредбите на Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија” бр.33/2015) во поглед на определување на случаите на  времена  неспособност  за  работа  поради  заболување или повреда, упатуваат на примена на прописите за здравственото осигурување, поточно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Имено, според член 39 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.15/2013) определено е дека повреда при работа, се смета повредата на осигуреникот причинета со непосредно и краткотрајно механичко, физичко или хемиско дејство, како и повредата причинета со нагли промени на положбата на телото, ненадејно оптоварување на телото или со други промени на физиолошката состојба на организмот, ако таквата повреда причински е врзана со вршењето на работите на работното место.

Според став 3 од истиот член и закон определено е дека како повреда при работа се смета и заболувањето на осигуреникот што настанало непосредно и како исклучителна последица на некој несреќен случај или виша сила за време на вршењето на работата или во врска со неа.

  • Дали повредата на пат до работа е повреда на работно место?

Согласно член 39 став 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување определено е следното: ,,Како повреда при работа се смета и повредата причинета на начинот од ставот (1) на овој член што осигуреникот ќе ја претрпи на редовниот пат од станот до местото на работата или обратно, на патот преземен заради извршување на работни задачи и на патот преземен заради стапување на работа, доаѓање на работа од одмор или отсуство прекинати по налог на работодавецот, како и користење право на професионална рехабилитација според овој закон”

Согласно цитираната одредба од член 39 став 2 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување изрично е определено дека како повреда на работа се смета повредата што работникот ќе ја претрпи на патот до работата, односно на патот преземен заради извршување на работни задачи и на патот преземен заради стапување на работа, доаѓање на работа од одмор или отсуство прекинати по налог на работодавецот.

  • Кој е должен да го исплаќа надоместокот на плата при повреда на патот до работа?

Во конкретниот случај одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за пензиско и инвалидско осигурување меѓусебно не се исклучуваат.

Оттука, при анализа на погоре цитираните одредби неспорен е заклучокот дека во случај на повреда на патот до работа на работникот му следува надоместок на плата согласно прописите за пензиско и инвалидско осигурување. Следствено на тоа, правото на надоместок на плата за повреда претрпена на патот до работа – дефинирана во смисла на член 39 став 2 од ЗПИО, работникот може да го оствари преку поднесување на соодветно барање до надлежниот фонд, а не преку барање за обештетување кое е директно насочено према работодавачот.

Ангела Андонова

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 11/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5