Работна дозвола во Македонија, ова треба да го знаете
(важни препораки)
Секој има свои причини зошто сака да живее во странство. Престојот во странство – трајно или привремено, е одличен начин за да се запознаете со различни култури и да стекнете нови искуства.
Македонското законодавство ја дозволува можноста странски државјани на работат во Македонија и притоа да се стекнат со дозвола за привремен престој – работна дозвола во Македонија. Сепак, обидот за имигрирате во Македонија може да биде долг и тежок процес. Доколку Вашата апликација биде одбиена, тоа може да биде уште пофрустрирачки и обесхрабрувачки. Затоа, ако сакате да ги зголемете Вашите шанси за успех и да го остварите Вашиот сон за престој и работа во Македонија, треба да бидете добро подготвени и запознати со условите кои се од значење за позитивен исход на постапката.
Имено, пред да засновате работен однос со македонски работодавач потребно е да добиете позитивно мислење за работа од страна на Агенцијата за вработување како задолжителна фаза за добивање на работна дозвола во Македонија. При издавањето на мислењето Агенцијата за вработување врши истражување на пазарот и притоа води сметка за следните критериуми:
- Дали Вашите стручните знаења и способности се соодветни за работното место каде што планирате да работите?
- Дали во моментот постојат македонски државјани со исти или подобри квалификации, кои се активни баратели на работа во Македонија и кои имаат реални шанси да засноваат работен однос на конкретното работно место?
Како што може да се забележи, за да се добие позитивно мислење од страна на надлежните органи потребно е да се докаже фактот дека на македонскиот пазар на труд нема доволно подготвени, достапни и квалификувани работници за работната позиција што му се нуди на странскиот државјанин. Истражувањето на пазарот е имплементирано и применето во многу современи законодавства како механизам за заштита на сопствените државјани на домашниот пазар на трудот.
Сепак постои исклучок во однос на погоре наведеното и тоа за странските државјани кои се вработуваат во сопствена компанија. Всушност, доколку се вработувате во друштво чиј сте сопственик, македонското законодавство овозможува отстапка од обврската да се спроведува истражување на пазарот. Притоа, Вашето образование и квалификации не се земаат како релевантен фактор од кој зависи Вашата работна дозвола. Воедно, при вработување во сопствена компанија Вие секогаш ќе бидете ставени пред било кој македонски државјанин, дури и ако истиот има подобри квалификации од Вас.
Затоа, доколку планирате да живеете и работите во Македонија, не ја исклучувајте можноста да започнете со Ваш сопствен бизнис и да работите за сопствена компанија.
Во однос на вработување на странци во Република Македонија, можете да прочитате повеќе и на следниот линк на Агенцијата за вработување на Република Македонија (кликни тука)
Ангела Андонова
Контактирајте го авторот тука:
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.
Канцеларија
Ул. Македонија бр. 26/1-5,
Скопје – Центар
Контакт
contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218
Lalicic & Boskoski Law Firm
str. Makedonija no. 11/1-5