+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Се што треба да знаете за амбалажата, како трговец или потрошувач

Согласно Законот за заштита на потрошувачите, амбалажата претставува надворешна обвивка на стоката со којашто истата се штити од одредени надворешни влијанија при транспорт, ставање во промет, нудење на продажба или продажба (како на пример повратна или неповратна, „еко-“, разградлива и/или неразградлива и слично),

Содржина и информирање преку амбалажата:

Трговецот е должен на потрошувачот да му ги даде, на јасен, видлив и читлив начин, а преку амбалажа, приврзок, налепница, упатство, декларација, изјава, сертификат и/или на друг соодветен документ, најмалку следниве точни, целосни и корисни информации за:

1) белезите, квалитетот, начин на употреба и функционалноста на стоките или услугите;

2) влијанието на одредени стоки или услуги врз животната средина и животот, здравјето и благосостојбата на луѓето, како и за мерките за заштита, согласно со важечките прописи и стандарди и

3) името или називот, географската адреса и другите податоци значајни за определување на идентитетот на трговецот.

Согласно член 13 став 1 од Законот, дополнително на наведеното, предвидено е и обврска за означување на амбажалата со продажната цена доколку тоа не е направено на самата стока или доколку не е означено под, над или покрај местото каде што стоката е изложена, со јасно, видливо и читливо упатување на соодветната стока, а на начин што не предизвикува забуна кај потрошувачот за тоа на која стока се однесува соодветната цена.

Врз основа на ова, произлегува заклучок дека секоја стока (производ) кој не се продава како физички означен производ, мора да има амбалажа која ја означува цената на производот.

Јазик на кој се изнесува содржината на амбалажата

Трговецот е должен информациите задолжителни за амбалажата, на потрошувачот да му ги даде напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Задолжителност и особини на амбалажата

Трговецот е должен стоките да ги става во промет во амбалажа што е соодветна на обликот, големината, обемот, количината и својствата на стоките, на начин што не може да создаде забуна кај потрошувачот за некој од овие белези на стоката.

Согласно ова, законодавецот упатува дека амбалажата е задолжителна за производите и не може да биде во промет пуштен производ кој не е ставен во амбалажата.

Меѓутоа, Законот упатува и на тоа каква треба да биде амбалажлата, односно истата д а е соодветна на обликот, големината, обемот, количината и својствата на стоките, на начин што не може да создаде забуна кај потрошувачот за некој од овие белези на стоката.

Согласно на ова, не би била дозволена преголема амбалажа која можеби ќе го доведе во заблуда потрошувачот во однос на големината на производот, неговиот облик или количина.

Амбалажата не смее да биде штетна по животот, здравјето и благосостојбата на луѓето.

Врз основа на ова, амбалажата не може да биде изработена од материјал кој може да предизвика штетни последици по животот, здравјето или благосостојбата на луѓето.

Амбалажа за стоки во рефусна состојба

Кога стоките се во рефусна состојба, трговецот е должен на потрошувачот да му обезбеди нивно пакување во соодветна амбалажа. Во ваков случај, потрошувачот не е обврзан да ја плати цената на амбалажата, освен кога ова не му е изречно претходно нагласено или е јасно, видливо и читливо означено во деловните простории на трговецот.

Односно, во случаите кога стоката, на барање на потрошувачот, се завиткува или пакува на посебен начин, вклучувајќи и посебни украсувања, потрошувачот не е обврзан да ја плати цената за ова, освен кога ова не му е изрично претходно нагласено или е јасно, видливо и читливо означено во деловните простории на трговецот.

Враќање на амбалажата од страна на потрошувачот

На барање на потрошувачот, трговецот е должен да ја задржи амбалажата. Трговецот е должен кауцијата за амбалажа да ја врати при враќање на амбалажата со приложена сметка со која ја купил стоката и ја платил кауцијата.

Согласно на ова, за да постои враќање на износот платен за кауција, потребно е овој  износ да е издвоен на сметката која потрошувачот ја добил, односно ја приложува.

Мартин Бошкоски

Контактирајте го авторот тука:

Контактирајте не за консултација во однос на Законот за заштита на потрошувачите

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5