Осигуреник vs. Осигурителна компанија
Се што треба да знаете за вонсудско обештетување од осигурителната компанија
з Бизнис моделот на осигурителните компании е поуспешен и попрофитен доколку осигурителната комапнија продаде повеќе осигурителни полиси од една страна, меѓутоа и ако успее да ги намали трошоците.
Освен стандардните трошоци за секоја фирма, осигурителните компании се среќаваат со предизвик да исплаќаат суми за исплата на штети кон оние осигуреници кои имале определена штета.
Така, доколку прифатиме дека секоја осигурителна компанија пред своите акционери треба да се презентира како профитен центар, мора да прифатиме и дека мотивот на секоја осигурителна компанија е да најде начин да го намали износот на штета која треба да ја исплати кон своите осигуреници, или пак целосно да ја одбие.
Имајќи го ова во предвид, во продолжение на овој текст ќе дискутираме за начините за oбештетување од осигурителна компанијана на осигуреникот, без да се отпочне судска постапка:
1. Претставката до АСО, како алтернативен начин за обештетување, односно остварување направата на осигуреникот
Во моментот кога осигуреникот поднесува барање да биде обештетен, интересите на осигурителната компанија и осигуреникот се спротивни, односно осигурителните компании се мотивирани да ја одбијат штетата или да ја исплатат во помал износ.
Во ваков случај, осигурениците можат да најдат начин да преговараат со осигурителната компанија, да отпочнат судска постапка против истата, меѓутоа и дополнително на ова, имаат можност да дадат претставка пред Агенцијата за супервизија на осигурувањето со цел обештетување од осигурителна компанија за осигуреникот.
Во ваков случај, заштита на правата на осигурениците и другите корисници на осигурување се врши согласно со Законот за потрошувачите, Законот за супервизија на осигурувањето и Законот за облигационите односи.
2. Што треба да очекувате од Агенцијата за супервизија на осигурување
Треба да се забележи дека Агенцијата за супервизија на осигурување од година во година посериозно го прифаќа овој механизам за остварување на правата на осигурениците.
Имено, согласно објавата на Агенцијата, вкупниот број на поднесени претставки од незадоволни осигуреници во 2022ра година достиггнал 267 со што е забележано зголемување за 30 отсто во споредба со 2021 година.
Агенцијата потенцира дека овој податок претставува јасен индикатор дека граѓаните се почесто ја препознаваат Агенцијата за супервизија на осигурување како заштитник на нивните права од осигурувањето, што може да се каже дека е заложба на ова регулаторно тело со цел целосно обештетување од осигурителна компанија.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) решила 62 претставки во корист на осигуреници кои минатата година се пожалиле на квалитетот на услугите што ги добиваат од осигурителните компании. Бројот на претставки решени во корист на осигурениците лани е за 48 отсто повисок од истиот во претходната 2021 година.
3. Како да поднесете претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување
Постојат неколку начини за поднесување на претставка до Агенцијата за супервизија со цел обештетување од осигурителна компанија и истата може да ја поднесе лично осигуреникот или преку овластен полномошник.
Претсавката може да се поднесе електронски или до архивата на Агенцијата.
Самата претставка е препорачливо да биде добро образложена и во прилог на истата да се достават сите докази за предметот како и начинот на одлучување на осигурителната компанија.
4. Други начини за вонсудско остварување на правата со цел обештетување од осигурителна компанија
Согласно Законот за супервизија на осигурувањет, предвидено е дека во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:
1) соодветната организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамки на друштвото за осигурување;
2) службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) организацијата за заштита на потрошувачи и
4) Агенцијата за супервизија на осигурување.
Дознајте повеќе како АСО одлучува по однос на поднесените претставки на следниот линк: https://aso.mk/aso-reshi-48-poveke-pretstavki-vo-korist-na-osigureniczi-najchesto-se-zhalat-na-shteti-pokrieni-so-evropski-izveshtaj/
Мартин Бошкоски
Контактирајте го авторот тука:
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.
Контактирајте не тука, за наплата на Вашите побарувања према осигурителната компанија
Канцеларија
Ул. Македонија бр. 26/1-5,
Скопје – Центар
Контакт
contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218
Lalicic & Boskoski Law Firm
str. Makedonija no. 11/1-5