+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Признавање на странска судска одлука пред суд во Република Македонија

Признавањето на странска судска одлука е регулирано со Законот за меѓународно приватно право каде што е определено дека за странска судска одлука се смета одлука на суд на странска држава, порамнувањето склучено пред суд (судско порамнување), како и одлуката на друг орган што во државата во која е донесена е изедначена со судска одлука, односно со судско порамнување, ако со неа се регулираат односите предвидени со споменатите одлуки.

Согласно Законот, странска судска одлука се изедначува со одлука на суд на Република Северна Македонија и произведува правно дејство во Република Северна Македонија само ако ја признае судот на Република Северна Македонија, во процедура определа со Законот за меѓународно приватно право.

Кои се претпоставките за прифаќање или одбивање на предлогот за признавање на странска судска одлука?

А) Одлуката која се признава е потребно да е правосилна и извршна во време на доставување на предлогот

Согласно Законот, предвидено е дека подносителот на барањето за признавање на странска судска одлука е должен кон предлогот за признавање на странската судска одлука, да ја приложи странската судска одлука во оригинал или заверен препис и да приложи потврда од надлежниот странски суд, односно друг орган за правосилноста на одлуката според правото на државата во која е донесена.

Исто така, ако со барањето за признавање на странската судска одлука се бара и признавање на нејзината извршност, подносителот на барањето за признавање на таа странска судска одлука, покрај потврдата за правосилност, потребно е самиот докуемнт да има и потврда  извршноста на таа одлука според правото на државата во која е донесена.оните на Република Северна Македонија кои го уредуваат извршувањето. 

Потврдата за правосилност и извршност може да биде често и сериозна разлика помеѓу правниот систем на Република Сверна Македонија и државата која ја донесла таа одлука од едноставна причина што ваквата правосилност и извршност може да не е посебно забележана или истакната во одлуката. 

Исто така треба да се има предвид да доколку оригиналот на странската судска одлука или нејзиниот заверен препис не се составени на јазикот кој е во службена употреба пред судот пред кој се поведува постапката за признавање на таа одлука, странката што бара признавање на одлуката мора да поднесе и заверен превод на странската судска одлука на јазикот кој е во службена употреба пред тој суд.

Данок на добивка – судска пракса

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Б) Кога е судот на Република Северна Македонија исклучиво надлежен

Странска судска одлука нема да биде презинаена ако во односната работа постои исклучива надлежност на суд или на друг орган на Република Северна Македонија, освен доколку со овој закон на странките им е дозволено да поведат постапка пред странски суд за одреден спор за кој е предвидена исклучива надлежност на суд на Република Северна Македонија.

Со други зборови, доколку прашањето опфатено со одлуката која е предмет на признавање е прашање за кое е надлежен граѓански, кривичен или управен суд на Република Северна Македонија или пак е надлежен некој друг државен орган, тогаш судот кој го добил предлогот за признавање треба истиот да го одбие по службена должност.

Исто така, законот пропишува и дека странската судска одлука нема да се признае ако странскиот суд својата надлежност ја засновал на околности кои со Законот за меѓународно приватно право или со друг закон применлив во Република Северна Македонија, не се предвидени за засновање на надлежност на суд или друг орган на Република Северна Македонија за решавање на работа со меѓународен елемент од ист вид.

В) Правосилна одлука во истата работа меѓу истите странки

Согласно Законот, странската судска одлука нема да се признае ако во истата работа суд или друг орган на Република Северна Македонија донел правосилна одлука или ако во Република

Северна Македонија е признаена некоја друга странска судска одлука што е донесена во истата работа и меѓу истите странки.

Исто така, судот е должен да запре со признавањето на странската судска одлука ако пред суд на Република Северна Македонија е во тек порано поведена парница во истата работа и меѓу истите странки и тоа до правосилното завршување на таа парница.

Г) Повреда на јавниот поредок

Странската судска одлука нема да се признае, ако дејството на нејзиното признавање очигледно е во спротивност со јавниот поредок на Република Северна Македонија.

Д) Претпоставки за кои судот внимава по приговор на странките

Судот на Република Северна Македонија ќе го одбие признавањето на странската судска одлука, ако една од странките докаже дека:

1) поради неправилности во постапката, не можела да ги истакнува своите средства за одбрана или

2) поканата, тужбата или решението со кое е започната постапката не и биле лично доставени, односно дека воопшто немало ниту обид за лична достава, освен ако на кој и да било начин се впуштила во расправање за главната работа во првостепената постапка или

3) не и било оставено доволно време за подготвување на својата одбрана од моментот на доставување на тужбата до закажувањето на расправа.

Постапка за признавање на странски судски одлуки

Постапката за признавање на странска судска одлука се поведува со писмен предлог кој се доставува до надлежниот основен граѓански суд.

Во постапката за признавањето на странска судска одлука одлучува судија поединец на основниот суд. Ако судот до кој е поднесен предлогот за признавање на странската судска одлука утврди дека нема пречки за признавање, ќе донесе решение за признавање на странската судска одлука.

Судот ќе го достави решението за признавање на странската судска одлука на спротивната странка, односно на другите учесници во постапката во која странската судска одлука била донесена и ќе ги поучи дека против решението за признавање можат да поднесат приговор во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Сепак, судот нема да го достави на спротивната странка решението за признавање на странската судска одлука со која е одлучено единствено за развод на брак, ако лицето кое го бара признавањето е државјанин на Република Северна Македонија, а спротивната странка не е државјанин на Република Северна Македонија и нема живеалиште, односно вообичаено престојувалиште во Република Северна Македонија.

По приговорот против решението за признавање на странска судска одлука, одлучува судот кој го донел решението за признавање, во состав од тројца судии. Судот одлучува по приговорот по одржано рочиште.

Против решението со кое судот го одбил предлогот за признавање и против решението по приговорот, дозволена е жалба до надлежниот апелационен суд во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката.

Странската судска одлука која судот на Република Северна Македонија ја, се извршува според законите на Република Северна Македонија кои го уредуваат извршувањето.

Прочитајте повеќе за признавање на странска одлука во Конвенцијата на следниот линк. 

Мартин Бошкоски

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5