+ 389 2 320 8090 contact@lblaw.com.mk

Промена на име во патна исправа

Дали може да Ви биде изречена прекршочна санкција поради премин на државната граница со непроменета патна исправа, по склучување на брак?

Во случај доколку при склучување на брак сте го промениле Вашето презиме, согласно законските прописи на Република Северна Македонија за вас се создаваат неколку законски обврски кои мора да ги испочитувате – и тоа во строго определени рокови. Оваа страница е дел од нашата пракса во областа на документи и административни постапки.

Имено, посетувањето на надлежните институции и чекање ред на шалтер за промена на личните документи често знае да биде „демотивирачки“, поради што нередок случај е брачните другари да продолжат да ги користат своите стари патни исправи, дури и со месеци. Истовремено, неретка појава е дури и напуштање на државната гранца со непроменет пасош, односно најчесто неизвршена промена на име во патна исправа.

И иако можеби рокот на важност на Вашиот пасош сеуште не е истечен, сепак согласно Законот за патните исправи, предвидена е законска должност, во рок не пократок од 30 дена, од денот на промена на личните податоци, задолжително да го предадете заради негово поништување пред Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Дополнително на ова, како Имател на патна исправа чие податоци се променети, Вие немате право да патувате надвор од Република Северна Македонија, односно не можете да ја користите патната исправа за напуштање на државната граница, бидејќи согласно закон, овој личен документ мора задолжително да ги содржи личните податоци кои треба да бидат сменети.

Од друга страна, секое Ваше постапување спротивно на овие законски обврски, односно не враќање на патна исправа заради нејзино поништување во рамки на рок од 30 дена, вклучително и користење на патната исправа, па макар и само еднаш, без притоа да извршите промена на Вашето презиме, подлежи на прекршочна одговорност.

Имајте во предвид дека непочитувањето на овие законски обврски е казниво и по двата основи, за што во секој од овие случаи согласно Законот за патните исправи може да Ви биде изречена прекршочна санкција, односно глоба чија висина може да достигне и до 250 Евра во денарска противвредност, а во случај доколку не постапите согласно издадениот прекршочен платен налог против Вас можете да биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд, односно прекршочен орган.

Поаѓајќи од тоа дека никој не би сакал да подлежи на прекршочна одговорност, а уште помалку да да му биде изречена прекршочна глоба, поведувањето на постапка за замена на патната исправа ќе морате да го направите во рамки на законскиот рок.

Оваа управна постапка за замена на пасош е брза и многу поедноставна во споредба со редовната постапка за промена лично име (име и/или презиме) која исто така се води пред надлежното Министерство за внатрешни работи.

Сепак треба да се напомене и дека пред да поднесете официјално Барање за издавање на патна исправа, претходи и процес на обезбедување на документи кои треба да ги доставите во прилог, меѓу кои извод од матична книга на родените со променети податоци.

Дополнителен совет: Не заборавајте дека освен замена на Вашата патна исправа, истовремено подлежите и на законска обврска за промена, односно замена на сите Ваши останати лични документи, а чие непочитување исто така подлежи на соодветна прекршочна одговорност.

Практична проверка во 2026 година

Лицата кои штотуку стапиле во брак и кои го промениле презимето треба веднаш да: (1) Го предадат пасошот на МВР за поништување во рок од 30 дена од склучувањето на бракот. (2) Обезбедат извод од матична книга на родените со новите податоци. (3) Ги сменат и останатите лични документи – лична карта, возачка дозвола. (4) Пријават промена кај работодавачот и банката. За поврзани документарни постапки, вклучително и апостил и заверка на документи, видете ја нашата посебна страница.

Често поставувани прашања

Во кој рок морам да го предадам пасошот по промена на презиме?

Во рок од 30 дена од денот на промената на личните податоци (склучување на бракот). Пропуштањето на овој рок подлежи на прекршочна санкција.

Дали можам да патувам со стар пасош по промена на презиме?

Не. Согласно Законот за патните исправи, немате право да ја користите патната исправа за патување надвор од земјата ако Вашите лични податоци се променети и пасошот не е обновен.

Кои документи се потребни за замена на пасошот?

Потребен е извод од матична книга на родените со новите (променети) податоци, стариот пасош за предавање и пополнето барање за издавање нова патна исправа.

Потребна ви е правна насока?

Доколку имате прашања за промена на документи или за административни постапки, тимот на Лаличиќ и Партнери Ви стои на располагање. Контактирајте не преку нашата веб-страница.

Ивана Илиеска

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.