+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Развод на брак со тужба

Разведување на брак со поднесување на тужба

Адвокатски тим кој ќе Ви помогне за развод на брак преку поднесување на тужба

Во определени ситуации, не постојат услови и можности бракот да биде разведен со согласност од страна на двајцата брачни другари. 

Во вакви услови, законот предвидува можност бракот да биде разведен преку поднесување на тужба со барање за развод на брак од страна на едниот брачен другар. 

Така, законот предвидува да бракот може да се разведе по барање на еден од брачните другари ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив.

Дополнително, брачниот другар може да бара развод на бракот ако брачната заедница фактички престанала подолго од една година.

Битно е да се напомене дека имотните спорови меѓу брачните другари освен споровите за издржување не можат да се решаваат заедно со бракоразводниот спор. Согласно на ова, во оваа постапка нема да се одлучува за делба на имотот кој е заеднички стекнат во бракот кој се разведува.

Задолжителна постапка за мирење

По приемот на тужбата за развод на брак или на предлогот за спогодбен развод на бракот, пред доставувањето на тужбата на тужениот, се спроведува постапка за мирење на брачните другари.

Законот предвидува и ситуации кога постапката за мирење на брачните другари нема. Така, доколку:
1) еден од брачните другари е неспособен за расудување (изгубена деловна способност и сл.);
2) еден или обата брачни другари живеат во странство;
3) едниот брачен другар е со непознато место на живеење подолго од
шест месеци и
4) по противтужба за развод на брак, без оглед кога е таа поднесена, а обидот за мирење на брачните другари по тужбата завршил безуспешно. закажете тука

Контактирајте не за Вашите прашања во врска со развод

Заеднички малолетни деца

Согласност за развод

Ви треба информација или консултација за:

Правен блог – развод на брак

Статистички податоци за развод на брак во Република Северна Македонија (кликни тука)

Контактирајте не

contact@lblaw.com.mk

+ 389 2 609 0218

ул. Македонија бр. 11/1-5, 

Скопје

Посетете ја нашата канцеларија

ул. Македонија бр. 11/1-5, Скопје

Пратете ни mail

contact@lblaw.com.mk
(меѓутоа останете вклучени, пробуваме да вратиме за 15 минути)

Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.

Јавете ни се

+ 389 2 609 0218

Закажете состанок преку интернет врска

Кажете ни кое време Ви одговара, и можеме да организираме состанок преку видео врска

Пишете ни или јавете се на

+ 389 78 884 304

Обичен, Viber, WhatsApp, Skype

Office

str. Makedonija no. 11/1-5
Skopje, Macedonia

Contact Us

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Office