+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Обврска за исплата на регрес за годишен одмор (К-15) остана и во оваа финансиски тешка година.

Што треба да имате предвид за да не добиете казна доколку не сте во можност да исплатите?

(ДЕЛ 2)

Општиот колективен договор за приватниот сектор предвидува право на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор кој во текот на календарската година се ангажирани за период од најмалку 6 (шест) месеци. Износот кој овие работници треба да го добијат е определен во висина од мининален износ од најмалку 40% од основицата (просечната месечна нето плата по работник).

Меѓутоа, Општиот колективен договор предвидува и исклучок од обврската за работодавачот во однос на оние работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.

Во продолжение подетално ќе ги опфатиме ограничувањата на наведената одредба и што треба да имате предвид доколку како работодавач не сте во можност да исплатите регрес за годишен одмор:

  • Потешкотии во работењето, финансиска состојба на работодавачот

Прашањето дали определен работодавач како трговско друштво е во период кој е обележан со финансиски потешкотии може да биде гледано на многу различни начини.

Односно, можно е да на годишната сметка работодавачот прикажува приходи и/или добивка меѓутоа да тие приходи ги нема наплатено, а од друга страна обврските кон други правни субјекти се стасани или веќе исплатени.

Исто така, работодавачот за периодот кој претходи може да има стабилна финансиска состојба, меѓутоа истата да се однесува само поради залихи кои се прибавени по други цени, во време кога постоеле деловни врски со други субјекти кои можеби во моментот на исплатата на регресот за годишен одмор нема да постојат.

Така, работодавачот како трговско друштво сам најдобро ја знае својата финансиска состојба и дали во периодот кој следи престојат потешкотии. Согласно на ова, треба да се остави само на работодавачот да направи одлука самостојно дали исплатата на регресот може да предизвика сериозни финансиски потешкотии кои може на крај да доведат и до престанок на работењето на друштвото.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

  • Задолжителна претходна консултација со синдикат

Во услови на негативна финансиска состсојба кај работодавачот, Општиот колективен договор му дава легитимитет при одлучувањето за намалување на износот на К-15 и на работниците на начин што заадолжително треба да се консултира синдикатот на ниво на гранка односно оддел.

  • Спогодба потпишана од работодавачот и работниците

Основен документ по настанување на објективните услови кој би го ослободил работодавачот од правна одговорност за исплата на помал износ од К-15 е спогодбата потпишана помеѓу претставник на работодавачот и работниците.

Со Општиот колективен договор се предвидува дека: Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците“.

Начинот на избор на претставник не е пропишан со колективниот договор, меѓутоа сметаме дека претставникот ќе биде легитимно избран доколку е избран најмалку од 51% од вработените лица и би бил овластен да одлучува во името на работниците за конкретната правна работа за која е избран.

***

Сите горенаведени дејствија задолжително треба да се документираат со соодветни известувања, одлуки, спогодби и друга придужна документација со цел доколку постои инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд, да се презентира соодветни правни дејствија со цел да работодавачот не биде должен да исплаќа регрес за годишен одмор во соодветна висина, прекршочни санкции и/или да сноси други последици.

Мартин Бошкоски

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5