+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Ќе имаме ли сега вистински попусти? Што предвидува новиот закон за распродажба, акција, промоција и другите посебни облици на ставање на промет на производи (Дел 2)

Овој текст е продожение на првиот дел кој може да го прочитате на овој линк

Што е распродажба?

Распродажбата согласно новиот закон посебен облик на ставање во промет на стоките или услугите, и е дозволена само во некој од следниве случаи:

1) престанување на работењето на трговецот;

2) престанување на работењето на трговецот во неговите дотогашни деловни простории;

3) престанување на ставањето во промет на одредени стоки или услуги од предметот на работење на трговецот или

4) при вршење сложени градежни зафати во или на деловните простории на трговецот.

Така, трговецот не може да го користи зборот распродажба доколку не настанува еден од горенаведените случаи. Од оваа причина, потрошувачот кој забележал дека определен трговец го користи овој збор, ќе знае дека се работи за вистински добра понуда. Ова затоа што распродажбата е дозволена само под услов трговецот да не продолжи со нудење на стоките или услугите во неговите дотогашни деловни простории, односно со ставање во промет на одредените стоки или услуги во рок не пократок од шест месеци од денот на завршувањето на распродажбата.

Акциска продажба (акција)

Акциската продажба (акција) е исто така посебен облик на ставање во промет на ограничен број стоки или услуги. Така, кога трговецот дава поповолна понуда од аспект на цена само на ограничен број на стоки или услуги, а не на сите стоки и услуги, тогаш може да сметаме дека се работи за акција.

Овој период, согласно законот не може да биде подолг од 30 дена и трговецот стоките или услугите кои ги ставил на акциска продажба мора да јасно, видливо и читливо да ги означи со зборовите: „акција“ или „акциска продажба“.

Исто така, обврска за трговецот е да точно го наведе времетраењето на акциската продажба.

Нови производи и промотивна продажба (промоција)

Промоцијата е посебен облик на продажба кој е секогаш поврзан со нови производи или услуги и не може да трае подолго од осум дена.

Законот пропишува и дека стоките или услугите ставени на промотивна продажба мораат да бидат јасно, видливо и читливо означени со зборовите: „промоција“ или „промотивна продажба“. Исто како и претходно кај акцијата, трговецот е должен да го наведе нејзиното траење.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Датуми кои треба да ги знаеме за шопинг (сезонско намалување) 

Сезонското намалување, како посебен облик промотивна продажба / понуда на стоките или услугите, се спроведува само по завршувањето на соодветната сезона. Така, треба да заборавиме на „предсезонските“ попусти, или пак сезонски попусти во различно време во зависност од трговците.

Ова затоа што сезонското намалување мора да се спроведува само во следните периоди

1) летно сезонско намалување во периодот помеѓу 25 август и 25 септември во тековната година; и

2) зимско сезонско намалување во периодот помеѓу 25 декември од тековната и 25 јануари од наредната година.

Одлична зделка – ставање во промет на стоки со недостаток или грешка 

Согласно новиот Закон,  кога трговецот става во промет стоки со недостаток или грешка, е должен истите физички да ги одвои од останатите стоки, како и јасно, видливо и читливо да ги означи како стоки со недостаток или грешка. 

Исто така, кога природата на стоките ова го налага, трговецот должен e јасно, видливо и читливо да ги означи и видот и природата на недостатокот или грешката.

Сеуште добри – ставање во промет на стоки на коишто им изминува рокот на употреба

Законската одредба која се однесува на ставање во промет на стоки на коишто им изминува рокот на употреба, претежно мисли на храна и производи поврзани со прехрана како единствени производи кои не треба да бидат ставени во промет доколку рокот за употреба е изнинат. 

Меѓутоа, како посебен подвид на овие се и стоките на коишто штотуку не им изминал рокот на употреба. Законот ваквите стоки ги става во категоријата на посебни видови на промет со што на некој начин се упатува дека за производите од ваков вид, ттрговецот е должен при ставање во промет на стоки на коишто им изминува рокот на употреба физички да ги одвои овие стоки, како и јасно, видливо и читливо да ги означи дека на истите им изминува рокот на употреба, при што на истите се применуваат прописите што се однесуваат на означувањето на роковите на употреба.

Сепак, треба да се има предвид дека ваквата определба е доста генерална и во зависност од видот на стоката, многу релативна. Ова затоа што определени стоки можат да бидат во оваа категорија недели па дури и месеци пред да истекува рокот, а други само неколку денови.

Мартин Бошкоски

Контактирајте го авторот тука:

Контактирајте не за консултација во однос на Законот за заштита на потрошувачите

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5