Состав и анализа на Договори
Сеопфатност и максимална заштита за договарачите
Адвокатска канцеларија од Скопје со деловен и професионален пристап при состав и анализа на договори и други правни дела
Писмените договори се начин преку кој договорните страни ќе го гаранатираат остварувањето на предвидените цели и интереси. Правилно и сеопфатно составениот договор или правно дело ќе овозможи долготрајно одржување и развој на граѓанскиот или деловниот однос на договорните страни.
Од друга страна, пропуштањето определен договор или правно дело да биде составен од лице кое нема доволна експертиза, како и пропуштањето определен иден договор да не биде анализиран од стручно лице, во секојдневието предизвикува штетни последици за едната или обете договорни страни.
Од оваа причина, сеопфатност и максимална заштита на договарачите при состав и анализа на договори е нужна во секоја зделка со цел долгорочен деловен или друг вид облигационен однос. Доколку самиот договор е правилно составен или добро разбран затоа што е сеопфатно анализиран, странките ќе бидат во можност да избегнат долги и скапи судски постапки.
Од тие причини, преку искуството на Адвокатската канцеларија Лаличиќ и Бошкоски ќе Ви биде овозможено изготвување и анализа на:
Договори за продажба, подарок и други договори за располагање на имот
Договори за размена и физичка делба на недвижен имот
Договори за закуп и послуга
Договори за застапување и посредување
Договори за залог
Договори за уредување на меѓусебни односи
Други именувани и неименувани договори
Контактирајте не за анализа или состав на Вашиот следен договор
Прочитајте повеќе за цените на услугите на адвокатките на следниот линк: https://www.mba.org.mk/index.php/mk/akti/advokatska-tarifa?tmpl=component&print=1
Посетете ја нашата канцеларија
ул. Македонија бр. 11/1-5, Скопје
Пратете ни mail
contact@lblaw.com.mk
(меѓутоа останете вклучени, пробуваме да вратиме за 15 минути)
Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.
Јавете ни се
+ 389 2 609 0218
Закажете состанок преку интернет врска
Кажете ни кое време Ви одговара, и можеме да организираме состанок преку видео врска
Пишете ни или јавете се на
+ 389 78 884 304
Обичен, Viber, WhatsApp, Skype