Четири најважни работи кои треба да ги имате предвид пред да Ве назначат за управител
Можеби почнувате нов бизнис па ќе се назначите сами за управител или пак сопственикот на фирмата во која работите има доверба во Вас и сака да Ви го отстапи раководењето на фирмата.
Именувањето на едно лице за управител честопати претставува момент за напредок во кариера, меѓутоа задава и неколку обврски и одговорности кои треба да ги имате во предвид. Оваа страница е дел од нашата пракса во областа на деловно право.
- Годишната сметка е ваша одговорност
Секоја фирма има обврска да поднесе годишна сметка за работењето во претходната година, најдоцна до крај на Февруари за претходната година. Годишната сметка се припрема од Вашиот сметководител, меѓутоа е документ кој е потпишан и деклариран од Ваша страна.
Имајте го предвид овој рок затоа што пропустот да се поднеси годишна сметка задава доста бирократски тешкотии, непотребни трошоци и пенали.
- Ќе бидете и Вие санкциониран доколку фирмата направи прекршок
Најголемиот број на прекршочни казни во државата наведуваат дека Управителот ќе биде санкциониран во висина од 30% од висината на казната изречена за фирмата.
Единствен начин за да избегнете ова е да се погрижите дека фирмата ќе постапува согласно закон.
- Гарантирате за даночниот долг на фирмата
Законот за даночна постапка го идентификува управителот како лице кое чии одлуки влијаат врз активностите на фирмата односно лице кое го застапува даночниот обврзник кој е должник. Така, управителот ќе биде одоговорен за даночниот долг на фирмата во висина на своето овластување.
Покрај управителот, одговара и сопственикот, меѓутоа сметаме дека ова е битно да го имате во предвид.
- Можете секогаш да дадете оставка и да се ослободите од обврските
Тоа што сте прифатиле да бидете Управител не значи дека не можете да се ослободите од овие одговорности. Законот предвидува процедура која формално трае околу 30 дена, врз основа на која можете да се ослободите од обврските на Управител во секое време.
Мора да напоменеме дека горенаведените точки не смеат да претставуваат причина да Вие се откажете од вршење на оваа функција. Секој кариерен напредок значи и поголеми должности и одговорности кои доколку се имаат предвид, нема да претставуваат пречка
Практична проверка во 2026 година
Управителите треба да проверат: (1) Дали годишната сметка за 2025 е поднесена до Централен регистар до крај на февруари 2026. (2) Дали фирмата ги исполнува сите регулаторни обврски – бидејќи за управителот е предвидена дополнителна казна во износ од 30% од онаа изречена према компанијата. (3) Дали постојат неплатени даночни обврски – за кои управителот е лично одговорен. Видете повеќе за одговорностите на управителите.
Често поставувани прашања
Дали управителот е лично одговорен за долговите на фирмата?
Генерално не, освен за даночни долгови каде Законот за даночна постапка предвидува лична одговорност на управителот. Управителот е лично одговорен и за штети предизвикани со работење спротивно на закон.
Колку трае постапката за оставка на управител?
Постапката формално трае околу 30 дена и се врши преку Централен регистар.
Кој ја потпишува годишната сметка?
Годишната сметка ја потпишува управителот иако ја подготвува сметководителот. Управителот ја потпишува и ја декларира со своето лично потпишување, па затоа и сноси одговорност за нејзиниот навремен поднесок.
Потребна ви е правна насока?
Доколку имате прашања за обврските на управител или за деловното право, тимот на Лаличиќ и Партнери Ви стои на располагање. Контактирајте не преку нашата веб-страница.
Адвокат Ведран Лаличиќ
Адвокатско друштво
Лаличиќ и Партнери
Горенаведеното не претставува правен совет или инструкција за постапување. Ве молиме контактирајте стручно лице – адвокат со цел подетално да ја образложите Вашата правна позиција и правни околности.