+ 389 2 320 8090 contact@lblaw.com.mk

МОЖЕБИ СИТЕ РАСТЕМЕ ВО РАЗЛИЧНИ ЗЕМЈИ, НО НАШИТЕ КОРЕНИ ОСТАНУВААТ ВЕЧНИ

Државјанство по основ на иселеник

Доколку еден ден би сакале да раскажете пред народот за Вашето Македонско потекло, тогаш веројатно е време да направите чекор и формалноправно да ја потврдите врската со минатото.

Aко чувствувате потреба да го „резервирате“ своето место во Евиденцијата на државјани на Република Северна Македонија, потребно е да се запознаете со Вашите права за поднесување на Барање за стекнување на државјанство по основ на иселеник.

Вистината е дека сите ние ги носиме нашите претци, со себе. Сепак, најпрво да започнеме со разгледување на фактите и се што треба да знаете, за да дознаете дали имате правна основа и право да аплицирате.

Имено, Законот за државјанство, предвидува правен механизам преку кој, доколку ги исполнувате сите услови, можете да подготвите апликација, да отидете и да аплицирате.

За почеток, неколку основни работи што треба да ги знаете се следните:

  • Имате законска можност да започнете со подготовка на апликација доколку сте иселенк или дете на иселеник кој живеел на територијата на Македонија.
  • Запамтете дека препорачливо е да обезбедите документи за Вашите родители, баба и дедо, како и останати стари документи кои се однесуваат на Вашето семејство.
  • Возраста на претставува пречка! Не важно колку години имате, ниту во која држава сте биле родени или живеете. Доколку имате 18 години или повеќе, тогаш имате право да аплицирате. Доколку имате малолетни деца, слободно вклучете ги и нив во Вашето Барање!
  • Не е важно кога Вашите претци се иселиле од Македонија. Според Законот, не постои конкретен законски рок во рамки на кој сте обврзaни да поднесете Барање. Па, доколку сте одлучиле да аплицирате, потребно е само да обрнете внимание на условите кои ги предвидува законот.
  • Може да живеете било каде во светот, а сепак да станете Македонец. Законот не
    Ве обврзува да живеете во Република Северна Македонија, како би можеле да аплицирате.
  • Не мора да добиете отпуст од државјанствата кои ги поседувате во моменот, ниту мора да го познавате Македонскиот јазик. Севкупниот процес за стекнување на државјанство по основ на иселеник, предвидува постапка за олеснета натурализација.
  • Претставете се себеси како добар државјанин во државата чиј државјанин сте во моментот.

Најважно, не заборавајте да приложите соодветна документација за се горенаведено!

***

Треба да се напомене дека голем број Македонци кои живееле на територијата на Република Северна Македонија емигрирале во различни земји во светот. Како и да е, нивните потомци никогаш не го нашле „вистинското време“ да се вратат или да добијат Македонски граѓански статус.

Доколку не сакате Вашите Македонски корени и сеќавања да исчезнат, тогаш можеби сега е вистинското време да ги остварите Вашите законски права.

Ивана Илиеска

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.