+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Имот стекнат во брак – се што треба да знаете

Сопственоста која брачните другари ја стекнуваат за време на бракот во најголем број случаи во Република Македонија е запишана само на сопругот, или по исклучок само на сопругата. Ова се однесува како за недвижниот имот (куќа, стан, земјиште и сл.), така и за подвижниот имот (пр. возило, удел во фирма и сл.).

Во правото на Република Македонија, прашањето за сопственост на имотот стекнат во брак и регулирање на истиот е опишано во Законот за сопственост и другите стварни права.

Заеднички и посебен имот во бракот

Брачните другари во теков на бракот може да се стекнат со имот на различни начини, па така законот препознава заеднички и посебен имот.

Така, согласно член 67 од Законот, определено е дека Имотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува нивен заеднички имот.

Согласно на ова, секој имот кој брачните другари ќе го стекнат во бракот се смета дека е заеднички, освен доколку таквиот имот брачниот другар го имал пред склучување на бракот (согласно на ова не се стекнал во бракот), или пак се работи за имот кој брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и стварите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не претставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот.

Врз основа на ова, во случај на делба за време на брак или после развод, секогаш може да се дели единствено имотот кој е заеднички имот. Односно, не е предмет на делба имотот кој еден од брачните другари го стекнат врз основа на подарок или наследство, иако таквиот подарок или наследство може да бил стекнат за време на бракот.

Што ако во јавните книги (Агенција за Катастар, Централен регистар и сл.), е запишан само едниот брачен другар?

Согласно Законот, правото на сопственост на брачните другари врз недвижности кои се нивен заеднички имот се запишува во јавните книги на името на двајцата брачни другари како нивен заеднички имот.

Меѓутоа, не секогаш, всушност во поголем број од случаите во Република Северна Македонија, најчесто недвижниот имот се запишува на име на само едниот од брачните другари.

Сепак, законот предвидува дека ова не е од голема важност во однос на сопственоста, затоа што ако во јавните книги (како што е на пр. Агенција за катастар) како сопственик на заедничкиот имот е запишан само едниот од брачните другари ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари.

Затоа, доколку на пример недвижниот имот стекнат во брак се продава, најчесто од страна на нотарот се бара изјава од другиот брачен другар со која се согласува недвижниот имот да биде продаден, иако недвижниот имот е запишан само на едниот брачен другар.

Исто така, во законот е пропишано дека ако во јавните книги се запишани двајцата брачни другари како сосопственици на определени делови, ќе се смета дека на тој начин ги утврдиле деловите во заедничкиот имот.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Данок на добивка – судска пракса

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Како се управува заедничкиот имот од страна на брачните другари?

Имотот стекнат во брак, било да се работи за недвижниот, било да се работи за подвижниот имот, понекогаш е спорно кој и како го управува и располага со истиот.

Односно, може да имаме ситуација каде што возилото стекнато во брак се користи од само едниот брачен другар, или пак помеѓу брачните другари има спор во однос на тоа дали определен недвижен имот треба да биде даден под закуп или не.

Ваквите ситуации се навистина тешки за регулирање, меѓутоа сепак законот прави обид упатувајќи дека брачните другари заеднички и спогодбено управуваат и располагаат со заедничкиот имот.

Исто така, со својот дел во заедничкиот имот пред тој да се определи брачниот другар не може самостојно да располага ниту да го товари со правно дело меѓу живите.

Во случај на продажба на определен дел од заедничкиот имот кој му припаѓа на едниот брачен другар се применуваат правилата за првенствено купување на сосопствениците. 

Иако во е многу ретко, законот исто така упатува дека брачните другари во писмена форма можат да се договорат управувањето и располагањето со заедничкиот имот или со дел од него да го врши едниот од нив. Договорот може да се однесува на сите работи на управување и располагање или само на редовното управување или на точно определени работи. Кога поинаку не е договорено, управувањето опфаќа и располагање во рамките на редовното работење.

Секој брачен другар може да го раскине договорот за управување или располагање со заедничкиот имот во секое време, освен кога со раскинувањето очигледно му се нанесува штета на другиот брачен другар.

Законот исто така потенцира дека во вршењето на работите кои ги надминуваат рамките на редовното управување, односно располагање со имотот, потребна е согласност на другиот брачен другар изразена во форма која се бара за соодветното правно дело. Поконкретно заради ваквата одредба нотарот би Ви побарал и согласност доколку се продава недвижниот имот стекнат во брак.

Како се врши делба на стварите што претставуваат заеднички имот?

Доколку постои потреба од делба на заедничкиот имот заради разведување на бракот или други причини и при барање на брачниот другар, во неговиот дел првенствено ќе се внесат оние ствари од заедничкиот имот кои служат за вршење на неговата дејност.

Исто така, од заедничкиот имот ќе се издвојат и ќе му се предадат на брачниот другар, покрај неговиот дел и оние ствари стекнати со работа во текот на брачната заедница кои служат исклучиво за негова лична употреба.

Дополнително, доколку вредноста на овој имот, односно овие ствари е несразмерно поголема во однос на вредноста на севкупниот заеднички имот, ќе се изврши делба и на тие ствари, освен ако брачниот другар кој овие ствари би требало да ги добие, не ја надомести на другиот брачен другар соодветната вредност или на другиот брачен другар со негова согласност, не му отстапи други ствари.

Ако при делбата на заедничкиот имот се утврди дека на еден од брачните другари му припаѓа значително помал дел судот може на барање на еден од брачните другари да определи тој дел да му се надомести во пари.

Подароците што брачните другари си ги дале еден на друг пред склучувањето на бракот или во текот на бракот не се враќаат.

Дали може да припаѓа повеќе од имотот за еден од брачните другари при делба по развод или во друг случај?

Како што кажавме претходно, доколку постои согласност помеѓу брачните другари при развод на брак или во друга ситуација, помеѓу нив може да постои делба на заедничкиот имот при што таквиот имот станува посебен имот за секој од брачните другари и негова исклучива сопственост.

Меѓутоа, често не доаѓа до ваква спогодба и од таа причина судот е потребно да изврши поделба на ваквиот имот.

За утврдување кој дел и во кој обем му припаѓа на брачните другари, судот треба да тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови. Односно, се препоставува дека половина му припаѓа на едниот, а половина на другиот брачен другар. Во некои ситуации може да постои доприонос кој е малку поголем од страна на едниот брачен другар (пример ако заработоува повеќе), меѓутоа треба да се има предвид целосниот придонес во бракот и за оние работи кои не се сметаат за наплатливи (пример чување на децата, одржување на домот и сл.).

Сепак, треба да се има предвид дека доколку еден од брачните другари смета дека има значително поголем придонес, судот може да му определи поголем дел од заедничкиот имот, ако тој брачен другар докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно и значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар.

Согласно Законот, ако при делбата на заедничкиот имот се утврди дека на еден од брачните другари му припаѓа значително помал дел судот може на барање на еден од брачните другари да определи тој дел да му се надомести во пари.

Што станува со обврските, т.е. долговите направени од брачните другари?

Законот исто така дава одогвор и на прашањето кое се однесува на обврските За обврските што еден брачен другар ги имал пред склучувањето на бракот, како и за личните обврски што ќе ги прими по склучувањето на бракот, не одговара другиот брачен другар.

Брачните другари одговараат солидарно за обврските што едниот брачен другар ги примил спрема трети лица за намирување на тековните потреби на брачната заедница, како и за обврските што според општите прописи ги товарат двата брачни другари. Тоа значи дека доколку постои долг ќе се наплаќа од двајцата брачни другари, не подеднакво туку додека се наплати без оглед дали е наплатено повеќе од едниот брачен другар.

Брачниот другар кој од својот посебен имот ја исполнил солидарната обврска има право да бара другиот брачен другар да му го надомести делот на обврската што паѓа на него.

Мартин Бошкоски

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5