Отказ на договор за вработување
Правен водич во однос на отказ на договор за вработување
Отказ на договор за вработување е едно од најчестите правни прашања кое се јавува помеѓу работниците и работодавачите во македонскиот приватен сектор. Работодавачот мора да ја докаже основаноста на отказот – без писмена форма и без образложена и на закон заснована причина, отказот може да биде поништен во судска постапка. За целосен преглед на Вашите права, видете го нашиот водич за работни односи, вклучувајќи ги правните прашања за годишен одмор и другите права на вработените.
Правен водич во однос на отказ на договор за вработување
Согласно Законот за работните односи на Република Македонија, договорот за вработување може да биде откажан како од работникот, така и од работодавачот.
Додека двете страни на работниот однос имаат право да пристапат кон откажување на работниот однос, постои разлика во однос на основите и причините во однос дали отказот го дава работникот или работодавачот.
Работникот може да го откаже договорот за вработување ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот за вработување. Од друга страна, кога се работи за отказ од страна на работодавачот, тој може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот (лична причина на страна на работникот), поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина на вина) или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот (деловна причина).
Ако работодавачот го откажува договорот за вработување, е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението.

Ведран Лаличиќ
Контактирајте го авторот тука:
Форма, содржина и врачување на отказот
Отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма. Работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон.Отказот на договорот за вработување мора да и биде врачен на договорната страна, на која и се откажува договорот за вработување.
Согласно на ова, не може да се смета дека постои отказ доколку работодавачот или работникот само вербално ја известиле спротивната страна дека имаат намера да го прекинат работниот однос. Всушност, не постои отказ доколку не постои писмен документ предаден од една на друга страна.
Основани причини за отказ
Додека работникот нема обврска да ги образложува причините за откажување на договорот за вработување, работодавачот е должен да ги следи законските одредби и точно да ги наведе причините за откажување на договорот за вработување.
Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување, кога не е можно продолжување на работниот однос, ако:
1) работникот заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос (лична причина) или
2) работникот ги крши договорните обврски или други обврски од работниот однос (причина на вина) и
3) престане потребата од вршење на одредена работа под условите наведени во договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот (деловни причини).
Правилен и законски отказ е доста сложена процедура која работодавачот има обврска да ја спроведи согласно применливите правни прописи.
Пишете ни тука за брза и правилна информација
Постапка за отказ во 2026 година – клучни напомени
- Отказен рок најмалку еден месец – Работодавачот е должен да го почитува законски определениот отказен рок согласно Законот за работните односи и применливиот колективен договор. Рокот се пресметува од денот на врачувањето на писмениот отказ.
- Испратнина при отказ од деловни причини – При отказ поради деловни причини, работникот има право на испратнина чиј износ зависи од годините на работен стаж кај работодавачот, почнувајќи од минимум една нето плата до 5 години работен стаж, па се до максимални седум нето плати за над 25 години стаж.
- Рок за судска заштита – По претходно поднесен приговор кој е одбиен од страна на Работодавачот, Работникот може да поднесе тужба за поништување на незаконски отказ во рок од 15 дена од прием на одлуката по приговорот.
- Осигурување при невработеност – Работодавачот е должен да го запознае работникот со правата по основ на осигурување за невработеност при врачувањето на отказот.
Најчести прашања за отказ на договор за вработување
Може ли работодавачот да даде отказ без образложение?
Не. Работодавачот е должен писмено да го образложи отказот и да ги наведе конкретните причини, повикувајќи се на законскиот основ. Отказ без образложение или без писмена форма е незаконски и може да биде поништен во судска постапка.
Колку трае отказниот рок?
Отказниот рок зависи од видот на отказот и одредбите на договорот за вработување и колективниот договор. Минималниот законски рок изнесува еден месец.
Кога отказот е незаконски?
Отказот е незаконски кога работодавачот не може да ја докаже основаноста на причината за отказ, кога не е почитувана писмената форма, кога не е почитуван отказниот рок или кога отказот е даден на работник кој ужива посебна заштита согласно Законот за работни односи.
Дали работникот добива испратнина при отказ поради деловна причина?
Да, при отказ поради деловна причина работникот има право на испратнина. Износот се пресметува врз основа на годините стаж поминати кај работодавачот и согласно применливите одредби на Законот за работни односи и колективниот договор.
Потребна ви е правна насока?
Доколку сте добиле отказ или треба да спроведете постапка за отказ и сакате да ги разберете Вашите права, тимот на Лаличиќ и Партнери е на располагање за правна насока. Контактирајте не преку нашата веб-страница.
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен совет, да контактирате стручно лице – адвокат.
Посетете ја нашата канцеларија
ул. Македонија бр. 26/1-5, Скопје
Пратете ни mail
contact@lblaw.com.mk
(меѓутоа останете вклучени, пробуваме да вратиме за 15 минути)
Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.
Јавете ни се
+ 389 2 609 0218
Закажете состанок преку интернет врска
Кажете ни кое време Ви одговара, и можеме да организираме состанок преку видео врска
Пишете ни или јавете се на
+ 389 70 701 114
Обичен, Viber, WhatsApp, Skype
Канцеларија
ул. Македонија бр. 26/1-5
Скопје, Македонија
Контакт
contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218
Адвокатска канцеларија Лаличиќ и Бошкоски
ул. Македонија бр. 11/1-5