Како ќе работи пазарен инспекторат, согласно годишниот план за 2024та година
Во рамките на секоја организација, инспекцискиот надзор на Државниот пазарен инспекторат игра витална улога во заштитата и усогласувањето со законските и регулаторните барања.
Согласно принеливата регулатива, Државниот пазарен инспекторат врши инспекциски надзор над примената на законите, другите прописи и акти од страна на трговските друштва, други правни и физички лица како и граѓаните кои вршат дејност на територијата на Република Северна Македонија, а кои најчесто се однесуваат на безбедноста на производите, заштита на потрошувачите, дејности од областа на трговијата, угостителството, туризмот, занаетчиството, заштита на правата од индустриска соспственосt како и други работи определени со закон.
Согласно Годишниот план за работа на Државниот пазарен инспекторат, во 2024 година, инспекторатот има зададено цели и планови кои ги одразуваат стратегиите за превенција, надзор и контрола. Инспекциските надзори се поделени во неколку категории: редовни, најавени, вонредни, контролни, и надзори произлезени од кампањи во различни области.
Така, инспекцискиот надзор за 2024 година ќе се манифестира преку детални планирања на активности кои опфаќаат редовен и вонреден надзор, со целосна подготвеност да се соочи со предизвиците кои може да настанат во различни сектори. Се планираат вкупно 25,800 редовни инспекции, дополнително засилени со 27,120 вонредни надзори. Ова укажува на зголемен фокус на инспекторатот за превентивни акции, како и за брз одговор на потенцијални неправилности.
Една од клучните области на надзор е борбата против сивата економија, особено во секторите како интернет трговија, промет на тутун и тутунски производи, и обезбедување на општите услови за безбедност и заштита на потрошувачите. Инспекциските планови се дизајнирани така што не само што ги адресираат актуелните ризици, туку исто така овозможуваат градење на резилиентен систем кој може да се справи со неочекувани промени и изазови.
Освен редовниот и вонредниот надзор, инспекцискиот надзор се фокусира и на контролните активности кои се вршат по откривање на неправилности, со цел да се потврди дека претходно идентификуваните проблеми се успешно решени. Ова гарантира дека организациите не само што ќе бидат испитани за постојни неправилности, туку и дека ќе бидат мотивирани да ги исправат овие недостатоци во рамките на зададените временски рамки.
Соработката со други инспекциски служби и ангажирањето во кампањи посветени на специфични области претставуваат уште еден сегмент од планот за инспекциски надзор за 2024 година. Оваа стратегија е насочена кон засилување на инспекциските капацит
Прочитајте го целосниот годишен план на следниот линк.
Мартин Бошкоски
Контактирајте го авторот тука
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.
Канцеларија
Ул. Македонија бр. 26/1-5,
Скопје – Центар
Контакт
contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218
Lalicic & Boskoski Law Firm
str. Makedonija no. 11/1-5