+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Имот по развод на брак

#ПравниОдговори: На кого му припаѓа имотот по развод на брак?

Никој не сака да размислува за развод кога стапува во брак. Факт е дека разводите се комплицирана ситуација, која носи многу промени во животот на брачните другари, особено во однос на заедничките деца, имотот и средствата. По разводот, брачните другари можат со заедничка спогодба да го поделат имотот кој го стекнале за време на бракот. Меѓутоа во услови кога поранешните брачни другари не можат да се спогодат, делбата на заедничкиот имот станува сериозен правен проблем за чие разрешување одлучува суд.

Во прилог на овој текст, Ви презентираме неколку значајни фактори кои се одлучувачки во случај на судска постапка за делба на имот стекнат за време на брак:

  1. Време и начин кога е стекнат имотот

Главниот фактор при одлучување на кого ќе му припадне имотот е всушност статусот на имотот. Имено, брачните другари можат да бидат сопственици на заеднички и посебен имот. За посебен имот на брачниот другар се смета имотот кој е стекнат пред склучувањето на бракот, како и имотот кој е стекнат за време на бракот врз основа на наследство, легат и подарок.

Доколку брачниот другар го стекнал имотот по овие основи, другиот брачен другар нема право на сопственост на ваквиот имот.

Товарот на докажување лежи на страната на оној брачен другар кој пред судот истакнува вакво тврдење, па од овие причини истиот мора да презентира докази за да го докажете тврдењето без разумно сомневање.

Брачниот другар кој нема право на сопственост на посебниот имот, може да добие финансиска компензација ако судот утврди дека истиот имал финансиски или личен придонес за неговото подобрување (пр. реновирање, доградби, наградби), плаќања на хипотека, плаќање на даноци и сл.

Ако имотот не е стекнат пред склучувањето на бракот, односно не е стекнат за време на бракот врз основа на наследство, легат или подарок, станува збор за заеднички имот кој му припаѓа во сопственост и на двајцата брачни другари. Без оглед што имотот е запишан во имотниот лист само на име на едниот брачен другар, се претпоставува дека уписот е извршен на име на двајцата брачни другари.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

2. Придонесот на брачниот другар во заедничкиот имот

При утврдувањето на деловите на брачните другари во заедничкиот имот, судот тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови. Меѓутоа, оваа претпоставка може да се побива од страна на брачниот другар кој смета дека му припаѓа поголем дел од заедничкиот имот.

Ако брачниот другар докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно и  значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар, тогаш судот може да му определи поголем дел од заедничкиот имот.

Доколку при делбата на заедничкот имот се утврди дека на еден од брачните другари му припаѓа значително помал дел судот може на барање на еден од брачните другари да определи тој дел да му се надомести во пари.

  1. Заеднички малолетни деца

Во повеќето случаи во кои се вклучени деца, родителот на кого децата му се доверени на чување и воспитување ќе добие право да ја задржи сопственоста на станот или куќата по разводот. Зошто така? Судовите ја препознаваат потребата животите на децата вклучени во развод да останат стабилни дури и откако нивните родители ќе се разделат.

Воедно, на брачниот другар кому му се доверени заедничките деца на чување и воспитување, му се доделуваат во сопственост и оние ствари кои им служат на децата или се наменети само за нивна непосредна употреба, како и оние предмети за кои е очигледно дека е во интерес да бидат во сопственост на брачниот другар кому децата му се доверени.

***

Нема сомнение дека одредувањето како ќе се подели имотот по разводот е еден од најкомплексните последици на разводот на бракот. Не постои рационализиран одговор за да се одреди кој што добива – секој случај се разгледува одделно од страна на судот врз основа на фактичката состојба. Затоа, секогаш пробајте да се спогодите! Колку повеќе успеете да разговарате и да се договорите со Вашиот брачен другар, толку повеќе време и пари ќе заштедите при делбата на имотот.

Доколку не постојат услови за постигнување на спогодба, изберете искусен адвокат за да се осигурате дека Вашите права и интереси ќе бидат заштитени.

Ангела Андонова

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5