+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Ќе имаме ли сега вистински попусти? Што предвидува новиот закон за распродажба, акција, промоција и другите посебни облици на ставање на промет на производи (Дел 1)

Кои се посебни облици на ставање на промет на производи 

Согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, како посебни облици на ставање во промет се сметаат случаите на продажни поттикнувања. Меѓутоа, треба да се знае дека ова е случај кога стоките или услугите се ставаат во промет со цени што се пониски од цените по кои што соодветните стоки или услуги редовно се ставаат во промет.

Така, согласно Законот, за посебни облици на ставање во промет согласно се сметаат распродажбата, акциската продажба (акција), промотивната продажба (промоција), сезонското намалување, ставањето во промет на стоки со недостаток или грешка и ставањето во промет на стоки на коишто им изминува рокот на употреба.

Имено, законот не им дава сега можност на трговците да користат различни изрази од оние што се определени со закон, затоа што при спроведувањето на посебните облици на ставање во промет на стоките или услугите со цени што се пониски од цените по кои што соодветните стоки и услуги редовно се ставаат во промет, посебните облици да ги означува исклучиво со овие називи.

Конечно реално намалување на цената?

Потрошувачите често беа сведоци за нереални намалувања на цените на производите во случаи кога одредени трговци најпрво ја зголемуваат цената за потоа истата да ја намалат од зголемената, враќајќи се на основната цена. Новите законски измени имаат интенција ова однесување да го надминат.

Сега трговецот е должен стоките или услугите да ги означи со претходна продажната цена и со намалената продажна цена за време на целото траење на посебниот облик на ставање во промет. Исто така, кога трговецот спроведува посебни облици на ставање во промет што се последователни, секој нареден посебен облик на ставање во промет се смета за самостоен.

Обврски на фирмите согласно Закон за заштита на укажувачи

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Данок на добивка – судска пракса

Политики и рокови за чување на податоци за вработените и надворешните соработници

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Намалување на основна главнина кај друштво со ограничена одговорност

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Изрекување на парична казна на работник

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Обврски на работодавачот врз основа на Законот за вознемирување на работно место (мобинг)

Правен информатор на Адвокатско друштво Лаличиќ и Бошкоски. 

Оваа содржина е достапна само за тие што се претплатени на нашиот правен информатор. За да се претплатите и да го добиете следниот број, пријавете се тука: „пријави се“

Доколку сте заинтересирани за конкретната содржина, контактирајте не на contact@lblaw.com.mk.

Трговецот мора да се води од правилото дека при спроведувањето на посебните облици на ставање во промет, дозволено е намалувањето на цените да се врши само на некој од следниве начини:

1) со означување на новата цена покрај прецртаната, но сè уште видлива, претходна продажна цена;

2) со означување на новата и претходната продажна цена со зборовите: „нова цена“ и „стара цена“, соодветно или

3) со наведување на процентот на намалување на цената, а при истовремено означување на новата цена покрај прецртаната, но сè уште видлива, претходна цена

Меѓутоа, и сами знаеме дека ова не го надминува проблемот во апсолутна смисла, затоа потребно е да постои евиденција и фактички утврдена состојба на претходната продажна цена. Затоа, законот ја дефинира претходна продажна цена како најниската цена што трговецот ја означувал најмалку 30 дена пред започнувањето на означувањето на посебниот облик на ставање во промет. Исклучок од ова е единствено во случаите кога трговецот за време на важењето на посебниот облик на ставање во промет ќе добие нова испорака на стоки што се веќе опфатени со посебниот облик на ставање во промет.

Меѓутоа, охрабрувачки за потрошувачите е што сега постои јасно наметната обврска за трговецот да пред почетокот на спроведувањето на посебниот облик на ставање во промет, да изврши евидентирање на претходната продажна цена и на намалената цена. Обврска за евидентирање и претходно постоеше согласно Законот за трговија, меѓутоа оваа обврска сега е зададена и со цел за заштита на правата на потрошувачите.

На кој начин треба да бидат изложени / презентирани стоките или услугите по се продаваат по поповолни цени

Кога определени стоки се продаваат согласно правилата за посебни облици на ставање во промет,  истите мора да бидат физички одвоени од другите стоки, страна на трговецот. Исклучок од ова е само доколку трговецот извршил јасно означување на стоките опфатени со некој од посебните облици на ставање во промет. Затоа, трговецот треба, јасно, видливо и читливо да истакне за кој посебен облик на ставање во промет се работи.  Само доколку целиот асортиман на стоките или услугите што ги нуди се става во промет, ова правило за одвојување не се применува.

Продолжете со читање во однос на распродажба, акција и другите посебни облици на ставање на промет на следниот линк

Мартин Бошкоски

Контактирајте го авторот тука:

Контактирајте не за консултација во однос на Законот за заштита на потрошувачите

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5