ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПРЕСТОЈ ПО ОДНОС НА ВО МАКЕДОНИЈА
Волонтирањето е одличен начин да допринесете за позитивни промени во Вашата заедница, а волонтирањето во странство е неверојатна можност да искусите нови култури и да стекнете нови искуства.
Македонското законодавство ја дозволува можноста странски државјани на волонтираат во Македонија и притоа да се стекнат со привремена дозвола за престој по однос на волонтирање. Сепак, постојат одредени барања што треба да ги исполните за да се квалификувате за оваа дозвола за престој. Затоа треба да бидете добро подготвени и запознати со условите кои се од значење за позитивен исход на постапката.
Најпрво, важно е да знаете дека за да добиете дозвола за престој во Македонија по основ волонтирање, мора да бидете ангажирани од одредена невладина организација како нивен волонтер. Имено, невладината организација мора да биде регистрирана како субјект според македонското законодавство и задолжително мора да има свое седиште во Република Македонија.
Во Македонија постојат голем број на невладини организации кои се занимаваат со активности од различни области, па затоа е лесно да најдете организација која ќе одговара на Вашите потреби и способности.
Особено важно е да знаете дека пред отпочнување на постапката за добивање на дозвола за престој како волонтер, неопходно е да Ви се издаде согласност за волонтирање од страна на Министерството за труд и социјална политика. По обезбедување на согласноста за волонтирање, постапката треба да продолжи пред Министерството за внатрешни работи, со цел издавање на дозволата за престој. Доколку ваква согласност не Ви биде издадена, ќе бидете спречени да го регулирате Вашиот престој во Македонија.
Покрај тоа, треба да имате предвид дека волонтерството во Република Северна Македонија не се смета за платен труд, па од овие причини не можете да добивате паричен надоместок за Вашите услуги како волонтер.
Исто така, важно е да имате во предвид дека дозволата за престој по основ волонтирање во Македонија се издава за период од најмногу до 1 една година, со можност за нејзино продолжување. Воедно, доколку Ви е одобрен привремен престој како волонтер, Вашето потесно семејство има право да добие дозвола за престој по пат на семејно обединување.
Оттука, волонтерството е одличен механизам за регулирање не само на Вашиот престој во Македонија, туку и престојот на Вашето семејство.
Целата постапката за добивање на дозвола за престој знае да биде мошне комлициран процес – особено што истата треба да се спроведе во две фази и пред две надлежни министерства. За да го олесните целиот процес и да го заштедите своето време и пари, нејдобро е да се обратите за правна помош кај адвокат.
Тоа ќе Ви овозможи брзо и ефикасно реализирање на постапката и оптимална заштита на Вашите права и интереси.
Прочитајте повеќе на следниот линк: https://www.mtsp.gov.mk/rabotna-dozvola-za-stranec.nspx

Ангела Андонова
Контактирајте го авторот тука:
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија
Ул. Македонија бр. 26/1-5,
Скопје – Центар
Контакт
contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218
Lalicic & Boskoski Law Firm
str. Makedonija no. 11/1-5