Нови предизвици со новиот закон за заштита на потрошувачите
Што треба да знаат трговците?
ДЕЛ 1
Законот за заштита на потрошувачите не само што ќе ги консолидира, туку и значително ќе ги подобри и модернизира правата на потрошувачите и ќе ги усогласи со регулативата што важи во ЕУ.
Заштитата на потрошувачите е проширена на дигитални добра и услуги, така што потрошувачите се заштитени кога користат услуги базирани на “cloud” или купуваат стоки и услуги што може да се преземаат или проследуваат, како што се игри, филмови, музика и софтвер.
Новиот закон исто така предвидува постапување со продажните поволности на трговците, како и максимална транспарентност и информирање на потрошувачите, како за условите на продажбата, така и за нивните права по настанување на потрошувачкиот однос.
Ваквите измени создаваат нови предизвици за трговците и нивна потреба од дополнително усогласување со законот, од призма на насоки и обука на вработените за постапување со потрошувачите, создавање на база на документација за употреба во потрошувачките односи, така и транспарентност и максимална информираност на потрошувачите, пред и за време на траење на потрошувачкиот однос.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНААТ/ПРАВАТ ТРГОВЦИТЕ?
Со стапувањето на сила на законот, од особена важност за секој трговец е да биде запознаен со одредбите на новиот закон и обврските кои произлегуваат од истиот и последователно да утврди кои промени се потребни да бидат спроведени во секојдневните деловни практики во постапувањето со потрошувачите.
Привлекување на потрошувачи и рекламирања на продажни поттикнувања
За разлика од стариот закон, каде што само начелно беше уредено намалувањето на цените и распродажбата, новиот закон подробно ги уредува сите посебни облици на ставање во промет, кога стоките или услугите се ставаат во промет со пониски цени од редовните цени. Како посебни облици на ставање во промет се идентификуваат: распродажбата, акциската продажба (акција), промотивната продажба (промоција), сезонското намалување, ставањето во промет на стоки со недостаток или грешка и ставањето во промет на стоки на коишто им изминува рокот на употреба. Законот става посебен акцент на начинот на означување на цените („претходна цена“ / „намалена цена“ и слично), така што за трговците од особено значење ќе биде да ги почитуваат условите и ограничувањата во законот при користење на некои од овие поттикнувања, како би избегнале прекршоци и последователни глоби изречени од инспекциските органи.
Дигиталните услугисе предмет на законот
Законот за првпат ги регулира Дигиталната содржина, односно податоците што се произведени и испорачани во дигитален облик и Дигиталната услуга, односно услуга што му овозможува на потрошувачот да креира, обработува, складира или пристапува до податоци во дигитална форма или услуга што овозможува споделување или каква било друга интеракција со податоци во дигитална форма поставени или креирани од потрошувачот или други корисници на таа услуга. Оттука, договорите што го регулираат снабдувањето со дигитална содржина или дигитални услуги на потрошувачите (стриминг, услуги базирани на “cloud” итн.) ќе подлежат на нови законски обврски и одредби кои ќе се смета дека претставуваат дел од потрошувачкиот договор. Овие барања ќе се применуваат генерално на таквите договори, така што од трговецот се бара да обезбеди дигитална содржина или дигитални услуги во согласност со договорот, при што потрошувачот има право на различни правни средства доколку трговецот не го стори тоа. Товарот на докажување во врска со тоа дали дигиталната содржина или дигиталната услуга е снабдена согласно закон, е на страната на трговецот.
Текстот продолжува на следниот линк

Ведран Лаличиќ
Контактирајте го авторот тука:
Контактирајте не за консултација во однос на Законот за заштита на потрошувачите
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија
Ул. Македонија бр. 26/1-5,
Скопје – Центар
Контакт
contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218
Lalicic & Boskoski Law Firm
str. Makedonija no. 11/1-5