+ 389 2 320 8090 contact@lblaw.com.mk

Кој добива старателство?

Како одлучуваат македонските судови во споровите за доверување на малолетните деца во случај на развод?

Кој добива старателство?

Како одлучуваат македонските судови во споровите за доверување на малолетните деца во случај на развод?

 

Старателството над малолетните деца е едно од најчувствителните прашања поврзано со разводот на брак. Оваа страница е дел од нашата пракса развод на брак и тука ќе најдете одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со старателството.

Во рамките на постапката за развод, едно од најважните и можеби најемотивно исцрпувачки прашања често е: „Кој го добива старателството над малолетните деца?“

Согласно одредбите на Законот за семејство, одлуката за доверување на малолетните деца на чување и воспитување во рамките на постапката за развод ја носи надлежниот суд, по претходно прибавено мислење на Центарот за социјални работи. Клучен фактот при одлучувањето е дали брачните другари меѓусебно се имат спогодено со кого од нив ќе продолжат децата да живеат по разводот. Во најголем број на случаи, доколку постои ваква спогодба, истата се почитува и од Центарот за социјални работи и од судот. Меѓутоа, важно е да се напомене дека дури во случај на постоење спогодба меѓу брачните другари, нема апсолутна гаранција дека децата ќе бидат доверени согласно нејзината содржина, доколку Центарот за социјални работи и судот проценат дека спогодбата е спротивна на најдобриот интерес на децата. Ваквите случаи се исклучително ретки во праксата на македонските судови и генерално се случуваат само под исклучителни околности.

Од друга страна, доколку помеѓу брачните другари постои спор за доверувањето на малолетните деца, одлуката на судот и мислењето на Центарот за социјални работи, генерално зависат од следните фактори:

  • Возраста, здравјето и развојните потреби на детето;
  • Односот на детето со секој родител, семејната динамика, вклучувајќи го квалитетот на родителската грижа и емоционалната врска. Повеќе за издршката како дел од родителските обврски;
  • Способноста на родителите да обезбедат стабилна средина за развој на детето (особено: финансиите услови, условите за домување, работниот ангажман на родителите..);
  • Постоење историја на семејно насилство, злоупотреба на супстанции или запоставување од страна на кој било родител;
  • Лични преференции на детето, особено кога детето е доволно зрело да даде свое мислење.

Оттука, одлучувањето за доверување на малолетни деца на чување и воспитување во случаи на развод на брак вклучува сеопфатна проценка на различни фактори, со крајна цел обезбедување на најдобриот интерес на детето. Одлуката за доверување на малолетните деца, по нејзининото донесување е правно обврзувачка и се очекува од двајцата родители истата уредно да ја почитуваат.

Практични чекори, документација и рокови

Доколку се покрене постапка за старателство во спорни случаи, во пракса вообичаено се спроведуваат неколку клучни чекори. Најпрво, Центарот за социјални работи спроведува анализа за семејните прилики — вклучувајќи интервјуа со двајцата родители и, кога е потребно, со детето. Потоа, се изготвува стручен извештај – мислење кој се доставува до судот. Рокот за одлука во прв степен обично варира од три до шест месеци во зависност од оптовареноста на судот. Не секогаш, но како за потребно може да се јави обезбедување на документите како: доказ за тековни приходи, доказ за живеалиште и останата финансиска документација. Правната помош во овие постапки не е задолжителна, но со оглед на императивот – заштита на најдобриот интерес на децата, стручната помош често прави значителна разлика.

Често поставувани прашања

Дали мајката автоматски добива старателство?

Не. Законот не пропишува автоматска предност ниту на мајката ниту на таткото. Одлуката зависи од најдобриот интерес на детето, а судот и Центарот за социјални работи ги земаат предвид сите фактори.

Дали старателството може подоцна да се промени?

Да. Доколку околностите значително се променат по донесувањето на одлуката, постојат правни можности за измена на одлуката.

Дали детето може само да одлучи кај кого сака да живее?

Центарот за социјални работи и судот го земаат предвид мислењето на детето, но тоа не е единствен фактор. Доколку детето е доволно зрело, предвид ќе се земе неговото мислење, но крајната одлука секогаш зависи од најдобриот интерес на детето.

Потребна ви е правна насока?

Доколку сте во постапка за старателство или сакате да ги разберете вашите права, тимот на Лаличиќ и Партнери е на располагање за правна насока. Контактирајте не преку нашата веб-страница.

 

Ангела Андонова

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5