+ 389 2 609 0218 contact@lblaw.com.mk

Предизвиците на современите компании при примена на законската регулатива за управување со пакување и отпад од пакување

Еден од критериумите според кој современите компании стекнуваат статус на “општествено одговорни субјекти“ е преку негување на етичко однесување, донесување на одлуки и преземање на активности со кои се остварува нивното непосредно влијание врз животната средина.

Меѓутоа, да се биде „општествено одговорен“подразбира и висок степен на прилагодливост и брзо усогласување на сопственото работење со широкиот спектар на законски обврски, што неретко создава конфузија кај компаниите при нивно имплементирање.

Имено, во Македонската применлива регулатива, постојат низа прописи согласно кои компаниите имаат обврска да преземаат активности и сносат општествена одговорност, помеѓу кои е и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Непочитувањето на обврските кои произлегуваат од именуваниот Закон може да резултира со високи парични казни и останати несакани последици во работењето. Според тоа, давањето на приоритет на напорите за усогласување со оваа регулатива само ќе ве донесе чекор поблиску кон целосна правна усогласеност и чекор подалеку од несаканите правни последици, за што во продолжение презентираме само мал дел од обврските кои се вистински предизвик во работењето на компаниите:

  1. Правилна селекција, складирање и транспортирање на отпад и процена на животниот циклус на производите

Појдовен чекор кој компаниите треба да го преземат е правилно да го селектираат отпадот кој го пуштаат на пазарот, да го категоризираат по видови, како и задолжително да го класифицираат отпадор кој се создава од пакување.

Различните видови отпад, наложуваат специфични постапки за ракување и отстранување, па оттука правилното селектирање, складирање и транспортирање на отпадот има клучна улога при избегнување на прекршочни санкции и сносење на прекршочна одговорност.

Ова истовремено значи и дека имате должност да извршите процена на животниот циклус на пакувањето на начин со кој ќе се подобрат еколошките перформанси на пакувањеето, ќе се исклучи / елиминира или барем ќе се намали присуството на штетни метали во пакувањето, како и дизајнирање на пакувањето на начин кој ќе придонесе кон намалување на вкупниот отпад од пакување.

  1. Задолжителна регистрација пред надлежните органи

Доколку сте производител или краен корисник кој пушта на пазарот спакувани стоки, обврзани сте да се регистрирате пред надлежните органи. За ова, постои законски рок од 15 дена сметано од денот на почетокот на вршење на Вашата дејност како производител кој пушта на пазар или увезува како краен корисник производи во Северна Македонија, со чија употреба се создава отпад кој припаѓа на некој од посебните текови на отпад утврдени со закон.

  1. Улогата на „малите производители“ од аспект на управување со отпад од пакување

 Доколку спаѓате во категоријата „мали производители“,треба да имате внимавате и да имате предвид дека постојат специфични обврски кои ја засегаат токму Вашата компанија.

Освен видот, истовремено имате обврска да ги утврдите и количините на отпад од пакување кои ги создавате или ги пуштате на пазарот на годишно ниво, како на пр. исто или помало количество од 800кг стакло, 100кг пластика, 10кг пластични кеси, 100 кг дрво итн., со што на ваков начин би можеле лесно да утврдите дали ги исполнувате условите предвидени во оваа законска категорија.

Па, доколку ги исполнувате вака поставените критериуми, задолжително треба да Ви биде издадено решение за мал производител, во кои се наведува количество на спакувани стоки кои имате намера да го пушти на пазарот во Република Северна Македонија во тековната година.

  1. Овластен застапник доколку сте регистрирани во странство

Доколку станува збор за субјект – производител кој е регистриран во странство, а притоа на пазарот во Северна Македонија се пуштаат стоки преку користење на услугите на Е-трговија, неопходно е да назначите овластен застапник кој ќе ги извршува законските обврски за пакувањето кое се пушта на пазарот.

5. Водење на евиденција и известување

Како создавач на отпад од пакување должни сте да водите евиденција за видот и количината на пакувања во текот на календарската година, но и во пократки временски интервали.

Ваквата обврска да водите континуирана и ажурна евиденција за вкупното пакување кое сте го пуштиле на пазарот во Република Северна Македонија, мора да ја прилагодите согласно законски утврдените временски интервали. Дополнително, имате обврска да изготвувате извештаи за видот и количината на отпад кој бил пуштен на пазарот во Република Северна Македонија. Ваквите извештаи освен што се задолжителни, истовремено треба да внимавате секогаш да бидат изготвени со доследно почитување на предвидените законски рокови.

***

На самиот крај, битно е да се напоменеме дека главните придобивки со кои компаниите ќе се соочат доколку се придржуваат кон ваквите законски обврски се: посигурно, побезбедно и поквалитетно водење на сопствениот бизнис и работење,  подигнување на нивото на општествена одговорност и општествено одговорно однесување на повисоко скалило, а се тоа низ призмата на целосна правна усогласеност со постоечката регулатива.

Повеќе за оваа регулатива може да прочитате на следниот линк

Ивана Илиеска

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5