Што треба да направите доколку вашата компанија повеќе не работи
Ликвидација на фирма
Ликвидацијата на компанија е често потценувана и непотребно одложувана постапка. Во реалност, неажурноста повлекува правни и финансиски последици, а одговорноста на управителот не престанува со нефункционирањето на компанијата. Повеќе за одговорностите на управителот во оваа фаза може да најдете во нашиот оддел за деловно право.
Бизнисот фунцкционира или повеќе не функционира – општ феномен кој постои во секој современ деловен свет. Иако постојат огромен број на компании кои од било која причина повеќе не ја вршат својата активност или просто воопшто и не работат, сепак нивните раководни лица не се ажурни како што биле (на пример) кога ја основале компанијата и воопшто не се мотивирани за формално престанување со бизнисот, како што биле кога го започнувале истиот.
Се чини разбирливо, но сепак треба да се разберат последиците од оваа „неажурност и немотивираност“, бидејќи дека нашето законодавство познава и дозволува нефункционирање на компаниите, меѓутоа ги пропишува и нивните обврски према трети лица, како и конечно бришење од трговските евиденции во правниот систем.
Пред воопшто да се анализираат и дискутираат следните можни чекори при неработење на компанијата, треба да се направи разлика дали компанијата е ликвидна и солвентна (може во целост да ги сервисира своите долгови) или пак е презадолжена и не може да ги сервисира.
Првата состојба (на ликвидност и солвентност), упатува на постапка за ликвидација, која со уредна и ажурно водена сметководствена евиденција, се спроведува за само неколку месеци пред Трговскиот регистар. Оноа што треба да го направите е да ја ажурирате својата сметководствена евиденција и да контактирате регистрационен агент (адвокат) за да ја спроведе постапката за ликвидација.
Втората состојба пак, упатува на постапка за стечај, која постапка, зависно од (пре)задолженоста на компанијата, може да биде помалку или повеќе комплексна постапка, која се води пред основните судови. Повеќе за битните обврски на управителот во вакви случаи.
Независно од состојбата во која се наоѓа вашата компанија, кога истата фактички воопшто не функционира, пред се, задолжително треба да постапувате согласно обврските од Законот за трговски друштва и редовно да го известувате Трговскиот (Централен) регистар за својата финансиска состојба преку составување и доставување на годишна сметка. Доколку вашата компанија во изминатата календарска година воопшто не вршела никаква деловна активност, законот повторно предвидува обврска за известување, преку доставување на соодветно писмено известување и годишна сметка со податоци на пропишани обрасци.
Практичен водич за ликвидација на фирма
Желите ли формално да ја затворите вашата компанија? Постапката за доброволна ликвидација во Северна Македонија воопшто вклучува неколку фази: одлука на состанокот на содружниците за ликвидација, ажурирање на сметководствената евиденција, именување ликвидационен управител, објавување во Службен весник, средување на обврските кон доверителите и конечно бришење од евиденциите. Целата постапка може да трае од неколку недели до неколку месеци, во зависност од ажурноста на сметководствената евиденција и бројот на доверители од компанијата.
Чек-листа пред почеток на ликвидација — во 2026 година
Пред да започнете постапката за ликвидација, проверете неколку клучни работи: (1) Дали сметководствената евиденција е ажурирана, бидејќи неажурираната многу пати е најчестата грешка што го одолговлекува процесот. (2) Дали компанијата поднесувала годишни сметки за сите претходни години. (3) Дали има неподмирени обврски кон доверители, УЈП или вработени. (4) Дали содружниците се согласни за ликвидација. За вработените, постапката за ликвидација има директно влијание врз нивните права, повеќе во нашиот оддел за работни односи. Правната помош на почетокот е клучна за брзо и без изненадни трошоци преку правна консултација.
Често поставувани прашања
Колку трае постапката за ликвидација?
Доброволната ликвидација на солвентна компанија со ажурна сметководствena евиденција вообичаено трае од два до четири месеци и се спроведува пред Трговскиот регистар. Неажурирана сметководствена евиденција, значително ја пролонгира постапката.
Дали можам да започнам постапката за ликвидација и стечај истовремено?
Не. Тоа се две различни постапки во зависност од финансиската состојба на друштвото. Ликвидацијата се води пред Трговскиот регистар, а стечајот пред надлежен основен суд.
Што се случува ако не се поднесе годишна сметка?
Законот предвидува парични казни за неизвестување, односно неподнесување на годишна сметка, како и дополнителни трошоци за ревизорски извештаи.
Потребна ви е правна насока?
Доколку размислувате за ликвидација или сакате да ги знаете вашите обврски, тимот на Лаличиќ и Партнери е на располагање за правна насока. Контактирајте не преку нашата веб-страница.

Ведран Лаличиќ
Контактирајте го авторот тука:
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.