Сите чекори при промена на адресата на Вашата фирма во Македонија
Промената на адресата на фирмата е нормална во првите неколку години, особено ако бизнисот добро функционирал и имал потреба од проширување на просторот. Меѓутоа, иако на сите им е познато дека оваа постапка се завршува пред Централниот регистар, треба да се имаат предвид и неколку дополнителни обврски. Оваа страница е дел од нашата пракса во областа на деловно право.
Меѓутоа, иако на сите им е познато дека оваа постапка се завршува пред Централниот регистар со поднесување на соодветна документација, треба да се имаат и предвид неколку дополнителни обврски и промени кои треба да ги направи секоја фирма кога спроведува една ваква промена.
Во продолжение ги наведуваме најчестите дејствија кои се поврзани со промената на адресата на седиштето на една фирма:
Доколку фирмата има лиценцирана дејност
Во голем број ситуации кога фирмата подлежи на специјални законски прописи поврзани со вршењето на дејноста, најчесто се јавува државен регулатор кој има издадено лиценца или дозвола за вршење на дадената дејност (пр. Агенцијата за супревизија на осигурување, Министерство за финансии, НБРСМ и сл.). Во најголем број од овие случаи регулаторот одобрува промена на седиштето пред да се пристапи кон промената пред Централниот регистар.
Промена на седиштето пред Централен регистар
Во Република Северна Македонија, Централниот регистар претставува трговски регистар каде што се евидентирани сите податоци за фирмите, почнувајќи од нивниот назив, матичен и даночен број, дејност, управител, содружници и тн. но и адресата на седиштето.
Адресата на седиштето е податок кој е впишан и во самата тековна состојба па при физичка промена на адресата, потребно е без одлагање да се промени и овој податок со доставување на пријава пред Централен регистар. Ваква пријава може да биде доставена по потпишување на соодветна документација во зависност од видот на фирмата, од страна на овластен регистрационен агент. Согласно нашиот закон, регистрациони агенти кои можат да ги вршат ваквите промени се адвокати со седиште во Република Северна Македонија.
Банка
Откако ќе биде променето седиштето и е генерирана нова тековна состојба, најчесто следен чекор е да се пристапи кон банката или банките во кое друштвото има сметка и да се направи ажурирање на податоци. Во најголем број случаи, доколку не се потребни и дополнителни документи, банката може да ги ажурира податоците за адресата на седиштето врз основа на новата тековна состојба издадена од Централниот регистар.
Други приватни правни лица
Во голем број случаи, а особено при потпишување на стандардни договори помеѓу правното лице и даватели на услуги како што се телефонски и интернет услуги, услуги за одржување и сл., ваквите правни лица имаат наведено обврска према корисникот да ги информира при промена на адресата на седиштето. Меѓутоа, покрај договорната обврска, потребата за доставување на ваква информација до овие приватни прави лица може да биде од корист и за побрзо променување или адаптирање на постоечкиот деловен однос за услуги со вакви компании
Работни односи – Трудов инспекторат
Под претпоставка дека правното лице ги исполнило сите услови за безбедност и здравје при работа на дадениот простор, се подрзазбира дека се извршени соодветни мерења и проверки кои се адектавни за адреста на претходното седиште.
Од оваа причина, веднаш при физичка промена на локацијата се јавува потреба да се направат нови документи за оцена на состојбата во новиот деловен простор, а со тоа и да се изработи изменета изјава за безбедност и здравје при работа.
Од друга страна, препорачливо е и да се достави известување до Трудовиот инспекторат за промената на адреста на седиштето.
Доколку фирмата е од дејност трговија – известување државен пазарен инспекторат
Согласно Законот за трговија и Правилникот за минимално технички услови во продажни објекти за трговија на големо и мало, определени видови на трговски друштва кои вршат дејност трговија на големо и мало, имаат обврска до Државен Пазарен Инспекторат до Општината да се достават пријава за исполнување на минимално технички услови.
Секако треба да се има предвид дали новиот објект на новата адреса ги исполнува минимално техничките услови пропишани со Законот и наведениот Правилник.
Доколку фирмата е со странски капитал, промени пред регистар на директни инвестиции
Доколку фирмата има регистрирано странска директна инвестиција, по промената на податоците треба да се изврши и промена пред Централниот регистар – регистар за директни инвестиции, во однос на промената на седиштето.
Доколку фирмата има регистрирано трансакции со нерезиденти, известување до Народна банка – оддел за статистика
Доколку странско лице нерезидент со фирмата имало определена трансакција која подлежи на регистрација во НБРСМ, потребно е да се извести и Народната банка за променетото седиште.
Ваквото известување како и основната регистрација на трансакцијата, се доставува до одделот за статистика на Народната Банка на Република Северна Македонија.
Прочитајте повеќе за постапката за промени пред Централен регистар, на овој линк.
Практична проверка во 2026 година
При промена на адресата на седиштето, проверете ги сите 7 чекори: (1) Регулатор/лиценца – промени пред Централен регистар. (2) Централен регистар – пријава преку регистрационен агент. (3) Банка – ажурирање врз основа на нова тековна состојба. (4) Договорни партнери – известување согласно договорна обврска. (5) Трудов инспекторат – нова изјава за безбедност и здравје при работа. (6) Државен пазарен инспекторат – ако дејноста е трговија. (7) НБРМ – ако постојат регистрирани трансакции со нерезиденти. За помош при корпоративни промени пред Централен регистар, тимот на Лаличиќ и Партнери Ви стои на располагање.
Често поставувани прашања
Дали мора да го менувам седиштето во Централен регистар при физичка промена?
Да, без одлагање. Адресата на седиштето е впишана во тековната состојба и промената мора да се пријави во Централниот регистар преку овластен регистрационен агент (адвокат).
Кој може да изврши промена пред Централен регистар?
Само овластен регистрационен агент – адвокат со седиште во Република Северна Македонија може да поднесе пријава за промена на седиштето.
Дали при промена на адреса треба нова изјава за безбедност и здравје при работа?
Да. Изјавата за безбедност и здравје при работа е поврзана за конкретниот простор. При физичка промена на локацијата, мора да се направат нови мерења и проверки и да се изработи нова изјава.
Потребна ви е правна насока?
Доколку планирате промена на адресата на фирмата или имате прашања за корпоративни промени, тимот на Лаличиќ и Партнери Ви стои на располагање. Контактирајте не преку нашата веб-страница.

Ведран Лаличиќ
Контактирајте го авторот тука:
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.