+ 389 2 320 8090 contact@lblaw.com.mk

Развод на брак со спогодба

Спогодбено разведување на брак

Адвокатски тим кој ќе овозможи Вашиот брак да биде разведен спогодбено

Спогодбениот развод на брак е поефикасната и поекономичната алтернатива кога двајцата брачни другари се согласни околу разводот, поделбата на заедничкиот имот, како и старателството над децата. За разлика од разводот со тужба, при спогодбен развод двајцата брачни другари заедно ја иницираат постапката, што во пракса значително го забрзува процесот на развод на брак и решавање на прашањата од заеднички интерес. Оваа страница е дел од нашата правна експертиза за развод на брак.

Во однос на оваа постапка, битно е да се напомене и дека предлогот за спогодбен развод на брак, брачните другари можат да го повлечат се додека постапката правосилно не е завршена. Согласно Законот, определено е дека ќе се смета дека предлогот е повлечен и тогаш кога од предлогот ќе се откаже еден од брачните другари. Исто така, предлогот за спогодбен развод на брак може да се повлече со поднесок или на записник пред судот.

Разлики во однос на развод на брак по тужба

Развод на брак со спогодба носи и свои специфики во насока на поедноставување на процессот. Една од нив е и можноста да судот не мора да закаже рочиште за главна расправа ако мирењето не успеало. Ова доколку е поведена постапка за развод на брак со предлог за спогодбен развод на брак на брачните другари кои немаат заеднички деца.

Ова значително ја забрзува постапката доколку при спогодбен развод на брак, брачните другари немаат заеднички деца.

Во ситуација кога брачните другови имаат заеднички деца и кога бракот се разведува по заемна согласност на брачните другови се поднесува и спогодба за начинот на вршењето на родителските права и должности и за издршката и воспитанието на децата.

За повеќе детали, закажете состанок со нашите адвокати кои можат да Ве упатат на брзо, едноставно и економично престанување на бракот. закажете тука

Често поставувани прашања

Дали можеме да се разведеме со спогодба без адвокат?

Да, законот не предвидува задолжително присуство на адвокат. Меѓутоа, кога спогодбата вклучува имот, издршка или старателство над деца, се препорачува стручна правна помош за да се заштитат Вашите права и интереси.

Дали можеме да се договориме за поделба на имотот вонсудски?

Да. Спогодбата за делба на заедничкиот имот се заверува на нотар во форма на нотарски акт и може да се спроведе, пред, по, или пак за времетраење на разводот. 

Колку трае постапката?

Времетраењето на постапката варира во зависнос од оптовареноста на судот. По правило, при спогодбен развод без заеднички деца постапката може да заврши значително побрзо, но најчест0 3-6 месеци.

Потребна ви е правна насока?

Доколку размислувате за развод или сте во постапка и сакате да ги разберете вашите права, тимот на Лаличиќ и Партнери е на располагање за правна насока. Контактирајте не преку нашата веб-страница.

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен совет, да контактирате стручно лице – адвокат.

Контактирајте не за Вашите прашања во врска со развод

Заеднички малолетни деца

Согласност за развод

Ви треба информација или консултација за:

Зошто Адвокатската канцеларија Лаличиќ и Бошкоски е Ваша најпрактична, најбрза и наједноставна опција за развод на бракот?

 

  Стручен адвокатски тим кој има спроведено поголем број на постапки од ваков тип

Нашата адвокатска канцеларија има заведено и успешно завршено поголем број на постапки за развод на брак. Од оваа причина, сите непотребни одлагања или трошоци ќе бидат сведени на најниско ниво.

 

✓  Целосна подршка за двајцата брачни другари од една канцеларија

Имајќи предвид дека не се работи за ангажман само на еден адвокат поединец, особено во случаи кога има согласност и од двата брачни другари за развод на бракот, постапката ќе биде завршена без потреба да се ангажираат и други адвокати и да се направат трошоци кои не се неопходни.

 

✓  Комплетна и соодветна понуда од финансиски аспект

Имајќи ја предвид адвокатската тарифа, нашата канцеларија е во можност да даде понуда за развод на бракот преку застапување пред сите органи, а не единствено пред судот. Вака, од наша страна ќе биде овозможено да после потпишување на полномошно, Вие гледате на разводот како завршена работа, без потреба на Ваш дополнителен ангажман или присуство.

Статистички податоци за развод на брак во Република Северна Македонија (кликни тука)

Правен блог – развод на брак

Контактирајте не

contact@lblaw.com.mk

+ 389 2 609 0218

ул. Македонија бр. 11/1-5, 

Скопје

Посетете ја нашата канцеларија

ул. Македонија бр. 26/1-5, Скопје

Пратете ни mail

contact@lblaw.com.mk
(меѓутоа останете вклучени, пробуваме да вратиме за 15 минути)

Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.

Јавете ни се

+ 389 2 609 0218

Закажете состанок преку интернет врска

Кажете ни кое време Ви одговара, и можеме да организираме состанок преку видео врска

Пишете ни или јавете се на

+ 389 70 701 114

Обичен, Viber, WhatsApp, Skype

Канцеларија

 

ул. Македонија бр. 26/1-5
Скопје, Македонија

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Адвокатска канцеларија Лаличиќ и Бошкоски

ул. Македонија бр. 11/1-5