+ 389 2 320 8090 contact@lblaw.com.mk

Развод на брак со тужба

Разведување на брак со поднесување на тужба

Адвокатски тим кој ќе Ви помогне за развод на брак преку поднесување на тужба

Разводот со тужба е правниот пат кога едниот брачен другар не прифаќа спогодбено да се разведе бракот. За разлика од разводот со спогодба, кај што двајцата заедно се согласуваат, овде постапката се поведува со тужба. Оваа страница е дел од нашата пракса од развод на брак.

Во определени ситуации, не постојат услови и можности бракот да биде разведен со согласност од страна на двајцата брачни другари. 

Во вакви услови, законот предвидува можност бракот да биде разведен преку поднесување на тужба со барање за развод на брак од страна на едниот брачен другар. 

Така, законот предвидува да бракот може да се разведе по барање на еден од брачните другари ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив.

Дополнително, брачниот другар може да бара развод на бракот ако брачната заедница фактички престанала подолго од една година.

Битно е да се напомене дека имотните спорови меѓу брачните другари уосвен споровите за издржување не можат да се решаваат заедно со бракоразводната постапка. Исто важи за прашањата поврзани со старателството на децата и имотот — тие се водат како одделни постапки.

Задолжителна постапка за мирење

Согласно законот, постапката за развод на брак по пат на тужба се води пред општинскиот суд според живеалиштето на тужителот, а единствено по пат на тужба според општинскиот суд во долу на брачниот другар кој живее во Република Северна Македонија.
Така, доколку: еден од брачните другари е неспособен за расудување; еден или обата живеат во странство; единиот брачен другар е со непознато место на живеење подолго од шест месеци и по противтужба за развод на брак, без оглед кога е таа поднесена, а обидот за мирење на брачните другари по тужбата завршил безуспешно — парничната постапка се води според општинскиот суд. За повеќе информации за уверение за слободна брачна состојба и други документи, посетете го нашиот оддел за административни постапки.

 

 

Контактирајте не за Вашите прашања во врска со развод

Заеднички малолетни деца

Согласност за развод

Ви треба информација или консултација за:

Практични чекори, документација и рокови

Постапката за развод со тужба во пракса вклучува неколку фази. Најпрво се поднесува тужба до надлежниот суд. Судот закажува рочиште за мирење на брачните другари, а доколку мирењето не успее — се продолжува со постапката. Потребна документација вклучува: лични карти, извод од матична книга на венчани, извод од матична книга на родени за заедничките деца (доколку е применливо). Рокот за спроведување на постапката во прв степен може да варира од неколку месеци до една година. 

Често поставувани прашања

Колку трае постапката за развод со тужба?

Рокот варира во зависност од оптовареноста на судот. Во пракса, постапките често траат од неколку месеци до една година.

Дали може тужителот да поднесе тужба доколку туженот не сака развод?

Да. Законот за семејство предвидува дека бракот може да се разведе по барање на еден брачен другар, дури и доколку другиот брачен другар не сака бракот да се разведе.

Кои документи се потребни?

Основна документација вклучува: лични карти, извод од матична книга на венчани, извод од матична книга на родени за заедничките деца (доколку е применливо). 

Потребна ви е правна насока?

Доколку сте во постапка за развод или сакате да ги разберете вашите права, тимот на Лаличиќ и Партнери е на располагање за правна насока. Контактирајте не преку нашата веб-страница.

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен совет, да контактирате стручно лице – адвокат.

Правен блог – развод на брак

Статистички податоци за развод на брак во Република Северна Македонија (кликни тука)

Контактирајте не

contact@lblaw.com.mk

+ 389 2 609 0218

ул. Македонија бр. 11/1-5, 

Скопје

Посетете ја нашата канцеларија

ул. Македонија бр. 26/1-5, Скопје

Пратете ни mail

contact@lblaw.com.mk
(меѓутоа останете вклучени, пробуваме да вратиме за 15 минути)

Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.

Јавете ни се

+ 389 2 609 0218

Закажете состанок преку интернет врска

Кажете ни кое време Ви одговара, и можеме да организираме состанок преку видео врска

Пишете ни или јавете се на

+ 389 70 701 114

Обичен, Viber, WhatsApp, Skype

Канцеларија

 

ул. Македонија бр. 26/1-5
Скопје, Македонија

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Адвокатска канцеларија Лаличиќ и Бошкоски

ул. Македонија бр. 11/1-5