+ 389 2 320 8090 contact@lblaw.com.mk

Печатот што ви е потребен за вашите документи да бидат прифатливи во странство – Објаснување на Апостил Печат

Печатот што ви е потребен за вашите документи да бидат прифатливи во странство – Објаснување на Апостил Печат

Апостил печатот е единствениот законски начин на потврдување на вашите документи за употреба во повеке од 100 земји потписнички на Хашката Конвенција. Во овој водич ќе дознаете зошто е потребен, кој орган го издава, за какви документи се бара и кои се најчестите грешки. Страницата е дел од нашите консултантски услуги за помош при административни постапки во Северна Македонија.

Зошто може да Ви треба апостил печат на документ издаден од Република Северна Македонија?

Доколку живеете и функционирате во странство како државјанин на Република Северна Македонија, многу често и може Да Ви е потребно јавните исправи и документите кои ги поседувате да бидат легализирани. Односно, институција во странство да Ви бара да определен документ го потврдите со апостил печат.

Апостил е печат со којшто се потврдува изворноста на потписот, својството на лицето кое го потпишува документот и содржината на печатот или жигот со кои е обезбеден еден оригинален документ или јавна исправа.

Апостил е форма на автентикација која е прифатена во повеке од 100 земји кои се членки на Хашката Конвенција. Оваа Конвенција се применува за јавни документи кои се издадени на територија на една земја договорнича, а се со цел да можат да произведат правно дејствие на територија на друга земја договорничка. Повеќе за регулирање на престој во странство.

За јавни документи се сметаат сите документи кои потекнуваат од орган или службеник поврзан со судовите на една држава, потоа документи издадени од државните административни органи, како и сите нотарски акти и заверки. Хашката конвенција не се применува на документите кои се издадени од страна на некои дипломатски или конзуларни застапници, или пак документи кои се однесуваат за царински операции. Пример за вакви документи се различни документи од Матично во однос на брак, изводи на родени и венчани, пресуди од надлежен суд, полномошна и одлука или други заверки кои можат да бидат употребувани во странство. За документи поврзани со брак и развод, повеќе во нашиот текст за адвокат за развод.

Кој го издава апостил печатот во Република Северна Македонија?

Секоја држава – потписничка на Хашката Конвенција самостојно одлучува кој орган ќе биде надлежен за заверка на документи со Апостил. Во Република Македонија, за оваа постапка се надлежни сите Основни судови кои се наоѓаат на нејзината територија, а за тоа кој суд ќе биде надлежен – се определува според живеалиштето на лицето – барател.

За заверка на документите коишто ги издаваат Основните кривични судови, како што се потврдите од кривична и казнена евиденција – надлежно е Министерството за правда. Меѓутоа, во зависност од видот на документот, апостил печатот може да се прибави и од Министерство за правда.

Практични чекори, рокови и чести грешки

За обезбедување на апостил печат во Македонија потребно е лично да се појавите во надлежниот Основен суд според вашето живеалиште, со документот кој сакате да го потврдите, лична карта и доказ за уплата на административна такса или пак да ангажирате полномошник. Заверката се врши во рок од три работни денови. Најчеста грешка: поднесување на документ кој претходно не е заверен, односно издаден од надлежен државен орган. За уверение за слободна брачна состојба потребно е прво да го прибавите документот од Матично, па потоа да го заверите со Апостил. 

Често поставувани прашања

Дали апостил печатот важи во сите земји?

Апостилот важи само во земјите потписнички на Хашката Конвенција. Доколку земјата не е потписничка, потребна е полна дипломатска легализација.

Колку трае постапката?

Заверката се врши во рок од три работн дена од поднесувањето. 

Дали сите приватни документи можат да добијат апостил?

Не. Апостилот се ставува исклучително на јавни документи кои потекнуваат од државен орган или суд. Останатите документи можат да се легализираат само по пат на дипломатска легализација.

Потребна ви е помош?

Доколку имате прашања во врска со апостил печат или легализација на документи, тимот на Лаличиќ и Партнери е на располагање за правна насока. Контактирајте не преку нашата веб-страница.

Сара Донакова

Контактирајте го авторот тука:

Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.

Канцеларија

Ул. Македонија бр. 26/1-5,

Скопје – Центар

Контакт

contact@lblaw.com.mk
+ 389 2 609 0218

Lalicic & Boskoski Law Firm

str. Makedonija no. 11/1-5