Од даночни главоболки до максимизирање на Вашите заштеди
– Правни совети за тоа како да НЕ се соочите со двојно оданочување –
Северна Македонија е економија во развој која привлекува инвеститори и претприемачи од целиот свет. Поволниот даночен систем и стратешката локација на земјата ја направија идеална дестинација за оние кои сакаат да го прошират својот бизнис на Балканот. Оваа страница е дел од нашата пракса во областа на деловно право.
Затоа, ако размислувате да станете даночен резидент во Северна Македонија, има некои суштински работи што треба да ги знаете.
а) Што значи да се биде „даночен резидент“?
Прв чекор за да станете даночен резидент во Северна Македонија е да разберете што значи даночен престој во смисла на применливата даночна регулатива.
Општо земено, даночниот престој се однесува на земјата во која поединец е должен да плаќа данок на остварени приходи во таа земја и други држави во светот.
Во таа смисла, доколку минувате повеќе од 183 дена годишно во Северна Македонија или доколку имате центар на витални интереси во земјата, неизбежно е дека ќе се сметате за даночен резидент.
Понатаму, ова значи и дека од Вас ќе се бара да плаќате даноци за сите Ваши приходи, а не само за приходите што ги остварувате во Северна Македонија.
б) Предизвикот наречен „двојно оданочување“
За среќа, предизвикот на „двојно оданочување“ може да се надмине преку примена на постоечкиот правен механизам во македонскиот даночен систем. Станува збор за инструмент кој е сигурна заштита од негативните последици од повеќекратното плаќање на даноци, што во спротивно би можело да доведе до значителна финансиска загуба.
Всушност, за да избегнете двојно оданочување, можете да ги користите бенефитите на билатералните договори помеѓу Вашата матична земја и земјата во која остваруваите приход. Овие правни инструменти често содржат одредби за намалување или изземање на двојното оданочување на одредени видови приходи.
На тоа поле, Северна Македонија има потпишано договори со над 60 земји од светот, вклучително и соседните земји на Балканот, САД, Канада, како и многу земји-членки на ЕУ. Овие договори помагаат да се избегне двојно оданочување на приходите остварени во Северна Македонија и во други земји.
Доколку во овој момент се соочувате со Ваков случај, тогаш од Вас се бара да приложите соодветна документација пред надлежните даночни органи, врз основа на која ќе Ви биде издадена и соодветна потврда дека сте даночен резидент.
в) Нешто повеќе за даночните стапки
Покрај сево ова, дури и ако одредбите за избегнување на двојното оданочување не се применливи во Вашиот случај, добрата вест е дека македонскиот даночен систем има релативно ниска стандардна стапка на данок на доход.
Северна Македонија има рамна даночна стапка на персоналниот доход и остварениот профит, која е една од најниските во Европа. Овој поволен даночен систем е клучен фактор за привлекување странски инвестиции и промовирање на економскиот раст во земјата. Ова значи дека доколку навистина станете даночен резидент, ќе треба да платите само 10% од вашиот приход во даноци.
Истовремено, не заборавајте и дека треба да ги пријавите Вашите странски приходи до даночните власти на Северна Македонија и да водите евиденција за сите даноци платени во странство.
Ова е законска обврска, па ако не го сторите тоа, може да доведе со несакани последици.
Совет плус за тоа како да зачувате повеќе пари во Вашиот џеб!
Генерално, преку консултација и ангажирање на стручни лица, ќе можете многу полесно да одредите дали спаѓате во категоријата даночен резидент во македонскиот даночен систем, со што би избегнале двојно оданочување, односно ќе се осигурате дека плаќате даноци само еднаш на оставрените приходи.
Ова ќе Ви овозможи да заштедите повеќе пари и да ги инвестирате во Вашата иднина, без разлика дали ќе се работи за Вашиот бизнис или за Вас лично!
***
Како заклучок, поволниот даночен систем на Северна Македонија и инвестициските погодности ја прават истата да биде атрактивна дестинација за оние кои сакаат да станат даночни резиденти. Сепак, од суштинско значење е да ги разберете правилата за даночен престој, даночните стапки, договорите за двојно оданочување и барањата за пријавување на данок, пред да донесете било каква одлука!
Практична проверка во 2026 година
Лицата кои размислуваат за даночен престој во Македонија треба да проверат: (1) Дали ги исполнуваат условите – повеќе од 183 дена годишно во земјата. (2) Дали постои договор за избегнување на двојно оданочување со нивната матична земја – Македонија има такви договори со над 60 земји. (3) Дали треба да пријават странски приходи до УЈП – ова е законска обврска по стекнувањето на даночниот резидентски статус. За прашања поврзани со регулирање на престој и потребните документи, видете ја нашата посебна страница.
Често поставувани прашања
Кога се смета дека сум даночен резидент во Македонија?
Ако престојувате повеќе од 183 дена во календарска година во Македонија.
Колку е даночната стапка за физички лица во Македонија?
Македонија применува рамна даночна стапка од 10% на персоналниот доход, која е меѓу најниските во Европа.
Дали морам да пријавам странски приходи?
Да. Даночниот резидент е должен да ги пријави сите свои приходи – и домашни и странски – до Управата за јавни приходи. Непријавувањето може да доведе до санкции.
Потребна ви е правна насока?
Доколку имате прашања за даночен престој или за вашите обврски во Македонија, тимот на Лаличиќ и Партнери Ви стои на располагање. Контактирајте не преку нашата веб-страница.

Ивана Илиеска
Контактирајте го авторот тука:
Напомена: Горенаведеното не претставува правен совет и во никој случај не може да биде прифатен или разбран како инструкција за постапување во конкретен случај. Секоја правна ситуација има свои карактеристики кои треба да се гледаат посебно и од таа причина Ви препорачуваме за правен за правен совет, да контактирајте стручно лице – адвокат.