Развод на брак со спогодба
Спогодбено разведување на брак
Адвокатски тим кој ќе овозможи Вашиот брак да биде разведен спогодбено
Согласно Законот за семејство, утврдена е правна можност за поедноставна и побрза постапка за развод на брак преку поднесување на заедничка спогодба за развод на брак (развод на брак со спогодба). Врз основа на законот е определено дека ако брачните другари бараат бракот да се разведе по заемна согласност, парничната постапка се поведува со тужба со спогодбен предлог за развод на бракот.
Во однос на оваа постапка, битно е да се напомене и дека предлогот за спогодбен развод на брак, брачните другари можат да го повлечат се додека постапката правосилно не е завршена. Согласно Законот, определено е дека ќе се смета дека предлогот е повлечен и тогаш кога од предлогот ќе се откаже еден од брачните другари. Исто така, предлогот за спогодбен развод на брак може да се повлече со поднесок или на записник пред судот.
Разлики во однос на развод на брак по тужба
Развод на брак со спогодба носи и свои специфики во насока на поедноставување на процессот. Една од нив е и можноста да судот не мора да закаже рочиште за главна расправа ако мирењето не успеало. Ова доколку е поведена постапка за развод на брак со предлог за спогодбен развод на брак на брачните другари кои немаат заеднички деца.
Ова значително ја забрзува постапката доколку при спогодбен развод на брак, брачните другари немаат заеднички деца.
Во ситуација кога брачните другари имаат заеднички деца и кога бракот се разведува по заемна согласност на брачните другари се поднесува и спогодба за начинот на вршењето на родителските права и должности и за издржувањето и воспитанието на децата.
За повеќе детали, закажете состанок со нашите адвокати кои можат да Ве упатат на брзо, едноставно и економично престанување на бракот. закажете тука.
Контактирајте не за Вашите прашања во врска со развод
Зошто Адвокатската канцеларија Лаличиќ и Бошкоски е Ваша најпрактична, најбрза и наједноставна опција за развод на бракот?
✓ Стручен адвокатски тим кој има спроведено поголем број на постапки од ваков тип
Нашата адвокатска канцеларија има заведено и успешно завршено поголем број на постапки за развод на брак. Од оваа причина, сите непотребни одлагања или трошоци ќе бидат сведени на најниско ниво.
✓ Целосна подршка за двајцата брачни другари од една канцеларија
Имајќи предвид дека не се работи за ангажман само на еден адвокат поединец, особено во случаи кога има согласност и од двата брачни другари за развод на бракот, постапката ќе биде завршена без потреба да се ангажираат и други адвокати и да се направат трошоци кои не се неопходни.
✓ Комплетна и соодветна понуда од финансиски аспект
Имајќи ја предвид адвокатската тарифа, нашата канцеларија е во можност да даде понуда за развод на бракот преку застапување пред сите органи, а не единствено пред судот. Вака, од наша страна ќе биде овозможено да после потпишување на полномошно, Вие гледате на разводот како завршена работа, без потреба на Ваш дополнителен ангажман или присуство.
Статистички податоци за развод на брак во Република Северна Македонија (кликни тука)
Правен блог – развод на брак
Посетете ја нашата канцеларија
ул. Македонија бр. 11/1-5, Скопје
Пратете ни mail
contact@lblaw.com.mk
(меѓутоа останете вклучени, пробуваме да вратиме за 15 минути)
Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.
Јавете ни се
+ 389 2 609 0218
Закажете состанок преку интернет врска
Кажете ни кое време Ви одговара, и можеме да организираме состанок преку видео врска
Пишете ни или јавете се на
+ 389 78 884 304
Обичен, Viber, WhatsApp, Skype