+ 389 2 609 0218 [email protected]

АДВОКАТ МАРТИН БОШКОСКИ

Детално, ефективно, навремено.

Доколку Вашата идеја за адвокат е личност во кого имате целосна доверба, кој е посветен на Вашите проблеми и достапен во секое време, Мартин Бошкоски е адвокат кој може да ги надмине Вашите очекувања. Мартин смета дека основните особини на секој адвокат треба да бидат интегритетот и лојалноста кон своите клиенти.
Мартин е секогаш посветен на своите клиенти и е подготвен да одговори на секој повик во секое време. Неговата работна пракса и навика подразбира ефективен пристап кон сите работни задачи без непотребни одолговлекувања за остварување на посакуваната цел

Мартин Бошкоски

 

Мартин Бошкоски смета дека позитивниот резултат не е доволен за својот клиент, туку потребно е таквиот резултат да биде остварен во најбрзо време со најмалку трошоци.
Доколку имате потреба од адвокат кој вистински се бори за Вашите интереси, адвокат кој максимално би се вложил во Вашиот случај да биде решен во најбрзо време, обратете се до Мартин Бошкоски.

 Области на работа:

 

  • Работни односи
  • Деловно право и постапки пред Централен регистар како регистрационен агент
  • Корпоративно право
  • Осигурување
  • Надомест на штета (материјална и нематеријална)
  • Договори
  • Заштита на лични права и дискриминација
  • Застапување пред надлежни судови

Биографија

Мартин Бошкоски

Мартин Бошкоски своето стручно образование го оствари при Правниот факултет во Скопје – Јустинијан Први, насочувајќи се на отсекот граѓанско материјално право. Магистрира со темата „Општи услови на договорите за осигурување на имот во правото и практиката во Република Македонија“ посветувајќи се на анализата на правните елементи кај договорите за осигурување. Мартин Бошкоски е со повеќегодишно работно искуство како во адвокатурата, така и во други сектори на стопанството.

Неговото искуство вклучува работа кај адвокат во Скопје, работа во оддел во строга евиденција во осигурителна комапнија и работа во реномирано адвокатско друштво во Скопје.
Во текот на своето работно искуство е инволвиран во различни проекти кои се однесуваат на прашања од граѓанското, деловното и трудовото право.

Во текот на работењето беше во можност на клиентите да им дава правно – консултантска подршка, да биде инволвиран во проекти на анализа при преземање на друштва (legal due diligence), основање и промени на трговски друштва пред Централен регистар, застапување пред надлежни судови, изготвување и анализа на правна документација, осигурување, како и друг вид на ангажмани.

Сертификати и лиценци

Attorney Martin Boskoski

Адвокатска лиценца

Intellectual property certificate

Уверение за интелектуална сопственост

HarvardX Contract Law

HarvardX HLS2X Договорно право

Контактирајте го Адвокат Мартин Бошкоски

1 + 5 =

ул. Македонија бр. 11/1-5, Скопје
тел: + 389 2 609 0218
моб: + 389 78 884 304
[email protected]

Канцеларија

 

ул. Македонија, бр. 11/1-5, 

Скопје, Македонија

Контакт

[email protected]
+ 389 2 609 0218

Адвокатска канцеларија Лаличиќ и Бошкоски

11ти Октомври бр. 23/2-2, Скопје, Р. Македонија